Недела, Мај 20, 2012

ПРЕСПАНСКИ АБЕР

Преспански Крст

Свечено предадено Противпожарно возило донација од Англија за Општина Ресен

По повод 20 Мај - Националниот ден на пожарникарите во Република Македонија, денес во просториите на ТППЕ Ресен на свечен начин беа предадени клучевите на урбаното  противпожарно возило донација од противпожарните единици на Источен Сасекс, Англија преку ``Операцијата Флоријан`` која со години наназад активно ги помага противпожарните единици во Македонија.

Читај повеќе: Свечено предадено Противпожарно возило донација од Англија за Општина Ресен

 

Свечено дефиле на матурантите( Фото)

Денес пред преполниот плоштад  продефилираа матурантите од СОУ Цар Самоил Ресен.
Млади и со позитивна енергија, со чекор кон нови почетоци, нови предизвици и успеси ресенските матуранти ја продолжија својата прослава во ресторанот Ројал во Царев Двор.
Претходно ресенските матуранти беа дел од манифестацијата матурска парада каде играа Квадрил точно на пладне на ресенскиот плоштад , каде ресенскиот Градоначалник Михаил Волкановски им се обрати на матурантите:

Читај повеќе: Свечено дефиле на матурантите( Фото)

   

Министерот Ивановски беше на работна посета на Ресен

Во работна посета на Општина Ресен во петокот на 18 мај присуствуваше Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Министерот Ивановски и Градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски имаа работна средбапо што го посетија основното училиште Гоце Делчев, како и две успешни компании од општината Рес-Ком и Нова Слога.

Читај повеќе: Министерот Ивановски беше на работна посета на Ресен

 

Камионџија прегази пешак во ресенско

Камионџија прегазил пешак и си заминал од местото на несреќата. Несреќата се случила вчера претпладне, на патот Ресен-село Стење. Животот го загубил К.В. Камион управуван од 26-годишниот Д.Р., удрил во 82-годишниот пешак , по што Д.Р. со камионот побегнал од местото на несреќата.

Читај повеќе: Камионџија прегази пешак во ресенско

   

Вита Рес Ресен ќе откупува индустриско јаболко до 25 мај

Менаџерскиот тим на ДОО ВИТА РЕС - РЕСЕН  ги информира индивидуалните производители на јаболка дека откуп на индустриско јаболко ќе врши уште една недела т.е  со 25  мај  (петок).

Читај повеќе: Вита Рес Ресен ќе откупува индустриско јаболко до 25 мај

 

Работна посета на претставници на GIZ на Општина Ресен за заштита на Преспанското Езеро

Вчера во општина Ресен во работна посета беа претставници на GIZ Германско Друштво за меѓународна соработка, во чиј состав се влезени и Германската служба за развој (DED) и Организацијата за меѓународно усовршување и развој (InWEnt).Целта на посетата беше договорање и одредување на активности за учество на Општина Ресен во проектот:

Читај повеќе: Работна посета на претставници на GIZ на Општина Ресен за заштита на Преспанското Езеро

   

На планетата Марс еден кратер се вика Ресен

На планетата Марс,  еден од кратерите е наречен Ресен по нашиот града пак едно од многуте езера на Титан – најголемиот природен сателит на планетата Сатурн од 2010 година е наречено Охридско Езеро.

Читај повеќе: На планетата Марс еден кратер се вика Ресен

 

Рибите и рибарството - епицентар на интересот на општествените органи, институции и здруженија во пограничниот регион Преспа

Општествените органи, институции и здруженија во пограничниот Преспански регион, поконкретно општините, управните органи овластени за рибарството, националните паркови, здруженијата на рибарите, научниците и еколошките организации, на 4-ти мај (петок)  зедоа учество на состанокот на тема “Риби и рибарство“, одржан во информативниот тематски центар во Пили, под раководство на управата на националниот парк Преспа (Грција). Работилницата ја организираше Друштвото за заштита на Преспа во рамките на европскиот проект LIFE+ Информации и комуникации “Риби, Рибарство и Европска легислатива за Преспанскиот базен“.

Читај повеќе: Рибите и рибарството - епицентар на интересот на општествените органи, институции и здруженија во пограничниот регион Преспа

   

Со танцот квадрил ресенските матуранти дел од проектот матурска парада

Со играње квадрил годинава по шести пат македонските матуранти во петок ќе се приклучат кон меѓународната манифестација „Матурска парада“.

Читај повеќе: Со танцот квадрил ресенските матуранти дел од проектот матурска парада

 

Општина Ресен заедно со други осум општини на семинар за брендирање во Измир

Во изминатиот викенд претставници од осум македонски општиниво организација на Амбасадата на Република Македонија во Турција  беа на дводневна работна посета на Измир, Турција каде што учествуваа на семинар за брендирање на општините.

Читај повеќе: Општина Ресен заедно со други осум општини на семинар за брендирање во Измир

   

Преспа

Неделен хороскоп

     
     
     
     

Голем град

Што најмногу треба да се превземе за подобар откуп на јаболката?

HPIM1204 HPIM1222 HPIM1207 HPIM1209 sliki noken zivot 3 sliki31 sliki27 HPIM1224 HPIM1205 HPIM1223
Без претходно одобрение од prespanews забрането е користење на делови или во целост статии од порталот

Login Form