S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Соопштение бр.3/17 од Служба за прогноза и сигнализација

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во цела Преспа се создадоа услови за 100% силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост. Се препорачува во наредниве неколку дена штом дозволат временските услови (според тридневна временска прогноза во понеделник), производителите да извршат третирање со мезосистемични или системични фунгициди во комбинација со контактни фунгициди.

Повеќе: Соопштение бр.3/17 од Служба за прогноза и сигнализација

Велигденска Честитка на Градоначалникот Стрезовски

По повод утрешниот Христијански Празник -  Велигден , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски до верниците кои го слават утрешниот празник упати честитка. Во честитката меѓудругото стои:

Повеќе: Велигденска Честитка на Градоначалникот Стрезовски

Во четврток ќе се одржи Велигденски Хепенинг 2017

На 13.04.2017 година со почеток од 11 часот на Градскиот Плоштад Цар Самоил во Ресен , Општина Ресен и Домот на Култура " Драги Тозија" во соработка со основните училишта и детската градинка 11 Септември ќе ја организираат традиционалната манифестација Велигденски Хепенинг .

Повеќе: Во четврток ќе се одржи Велигденски Хепенинг 2017

Со Велигденски Хепенинг започна одбележувањето на најголемиот христијански празник во Ресен

Денеска во реализација на Општина Ресен и Домот на Култура "Драги Тозија" од Ресен  на градскиот плоштад "Цар Самоил" во Ресен се одржа традиционалната манифестација Велигденски Хепенинг. На манифестацијата повеќе стотини ученици од сите пет основни училишта во Ресен и од детската Градинка "11 Септември" на повеќе од 30 штандови ја преставија преспанската традиционална велигденска храна, велигденски јајца и најразлични украсни  креации изработени во своите домови или на часовите по ликовно образование посветени на големиот христијански празник Велигден . На штандот пак на Домот на Кuлтурата се реализираше ликовна работилница на тема Велигден .

Повеќе: Со Велигденски Хепенинг започна одбележувањето на најголемиот христијански празник во Ресен

Соопштение бр. 2/2017 од Служба за прогноза и сигнализација

Со последните врнежи се создадоа услови за инфекции од аскоспорите на чадливата краставост и тоа: Покрвеник – 70%, Горно Дупени – 60%, Езерени – 30% и Јанковец – 20%.

Се препорачува веднаш штом дозволат временските услови да се изврши третирање против чадливата краставост на јаболкото.

Повеќе: Соопштение бр. 2/2017 од Служба за прогноза и сигнализација

Подкатегории

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.