S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Вжештена атмосфера на Преспа Урбан Фест

Вистинско летно освежување во Преспа е фестивалот Преспа Урбан Фест кој во организација на Општина Ресен се одржува на Градскиот Плоштад Цар Самоил во Ресен. Веќе две вечери по ред наад 1000 млади доживуваат музичка револуција со познати имиња од македонската естрада.

 

Тамара, ДНК, Дј Шорти , Дј Никифор, Дј Јошевски , Ние (запирка ) Другарите, Екстраваганца ја вжештија атмосферата на градскиот плоштад  на кој овие забави кои траат до утринските часови се стремат да прераснат во традиционални и кои на првото издание на Преспа Урбан Фест докажаа дека младите во Преспа и туристите се желни за ваков вид на забава.

Се надеваме на една одлична убава летна забава која ќе трае , се надеваме дека повторно ќе дојдиме и дека заедно ќе правиме се повеќе вакви урбани забави.Морам да ја пофалам општина Ресен и Општина Дојран што генерално се фокусираат на ангажирање  на домашни изведувачи , што за нас преставува една голема чест и една пофалба до овие општини.- истакнаа Панчо и Андреј од ДНК , кои направија одлична забава која долго време ќе се прераскажува во Ресен.

Илјадници млади се на плоштад во Ресен , илјадници млади  во ритамот на прекрасната музика на домашните македонски изведувачи и диџеи се забавуваат и веселат и мислам дека во ваков стил оваа манифестација и ќе заврши како континуитет на Топлиот Културен Бран и Преспанското културно лето кое се одржува во Општина Ресен во организација на општината и поддржано од Министерството за Култура.

 

Вечерва завршувапрвото издание на Преспа Урбан Фест со настап на Стефанија , Eye Cue и Дј Баже-Антена 5 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.