S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка на Градоначалникот Стрезовски по повод Илинден

По повод големиот национален празник 2 Август - Илинден, Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски упати честитка до граѓамите на Општина Ресен. Во честитката меѓудругото стои:

 

Почитувани Граѓани на Општина Ресен , почитувани Македонци низ целиот свет ,  дозволете во мое име и во името на Општина Ресен да ви го честитам 2 Август, Илинден – Денот на Републиката! Илинден е инспирација и потсетник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на  револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Илинден е денот по кој ја определуваме македонската историја, на времето пред двата Илиндена, кога Македонија била поробена, и на времето по двата Илиндена, кога македонскиот народ го дигна својот глас и ја извојува долгоочекуваната слобода, а со тоа го оствари сонот на многу генерации Македонци за суверена и самостојна држава.

Ве повикувам во овие денови на празнување да се потсетиме и да им оддадеме почит на херојските визии на сите знаени и незнаени Македонци кои ги положија своите животи во остварувањето на главната цел, создавање независна македонска држава. Нека Илинден биде вечен потсетник на нескршливиот дух и непобедливата волја  на македонскиот народ, вербата во себе и својата држава.

Илинден прераснува во синоним на нашето постоење, и денес 113 години после Илинденското востание и 72 години по првото заседание на АСНОМ , можеме да кажеме дека секоја генерација македонци има своја борба, нашата борба е  да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, во изградбата на една модерна и просперитетна општина Ресен, како и една напредна и демократски развиена Република Македонија.
Нека ни е честит 2 Август, Денот на Републиката. Нека е врковитаРепублика Македонија.

 


Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.