S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Заседаваше Кризниот Штаб на Општина Ресен , најавена вондредна седница на Совет, отворен пункт за донации

Денеска во кабинетот на Градоначалникот на Општина Ресен се одржа состанок на Кризниот Штаб на Општина Ресен поврзан со актуелната состојба предизвикана од големите количини на врнежи кои во изминативе два дена паѓаат на територија на Општина Ресен. Со состанокот раководеше Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и на истиот беа присутни преставници од Советот на Општина Ресен, Црвен Крст на Општина Ресен , ТППЕ, Центар за Управување со Кризи, Полиција, Дирекција за заштита и спасување,Центар за  Јавно Здравје, ЈКП Пролетер, ЈП Македонија Пат, НП Пелистер, ЈП Македонски Шуми и др.

 

Од добиените сознанија на терен и извештаите од институциите беше заклучено будно да се прати состојбата со водотеците во Општина Ресен  кои во моментов бележат зголемување на висината на водениот столб но сеуште не постои директна закана за нивно излевање. Доколку има потреба  расположливата механизација е подготвена да интервенира на веќе евидентирани критични точки во Општина Ресен. Заради обилните врнежи на одредени улици одводната мрежа не е во состојба да ја прими целосно атмосферската вода и ТППЕ Ресен и ЈКП Пролетер се задолжија да интервенираат на критичните места.

Од страна на Центарот за Јавно Зравје апелираат заради зголемените врнежи водата од селските водоводи кои не се дел од водоснабдителниот систем на ЈКП Пролетер да не ја користат за пиење , а доколку ја користат за пиење истата претходно да ја превриваат 15-20 минути. За технички потреби истата вода може да се користи, додека пак водата од градскиот водовод од Центарот за Јавно Здравје се изјаснија дека истата е во исправна состојба и може да се користи за пиење и други потреби.

На состанокот на Кризниот Штаб беше заклучено  будно да се следи водоствојот од страна на службите во НП Пелистер на акумулацијата на Макази и по потреба да се интервенира доколку истата доведе до опасност од излевање.

Во текот на денот од страна на Претседателот на Совет Методија Пашковски присутните беа информирани дека ќе се одржи Вонредна Седница на Советот на Општина Ресен каде ќе се додели финасиска помош од Општина Ресен за настраданите од поплавите кои го зафатија главниот град.

 

Од денеска до Петок 12.08.2016 во просториите на Општина Ресен , Црвениот Крст заедно со Општина Ресен ќе отвори пункт каде граѓаните ќе можат да донираат најразлични артикли за помош на настраданите.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.