S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

ВАЖНО - Отворен Пункт за Донации во Општина Ресен за настраданите од невремето во Скопје

 Во просториите на општинската зграда на Општина Ресен , од денеска до петок 12.08.2016 во времетраење од 10 до 15 часот , Општинската Организација на Црвениот Крст на Ресен и Општина Ресен отворија Пункт за собирање на помош за настраданите во невремето кое го зафати Главниот Град Скопје.

 

Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Скопје и Тетово. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш беа преземени соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. 
Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. 

Се апелира да не се донираат алишта и друга облека , а доколку субјектите планираат да достават поголема донација од горенаведените артикли истата може директно да ја однесат во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
- Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка 
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.