S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Преспани дирекно учествуваат во расчистување на последиците од поплавите во Скопскиот Регион

 Во општина Ресен продолжуваат активностите кои се поврзани со обезбедување на помош за настраданото население од поплавите кои го зафатија   скопскиот регион на 06.08.2016.

 

Активистите на Општинската организација на Црвениот Крст од Ресен заедно со општина Ресен отворија пункт во општинската зграда каде граѓаните ги доставуваат своите донации во вид на вода, храна и средства за хигиена, а од вчера исти таков пункт со волонтери на Црвениот Крст има и на градскиот плоштад. Според информациите кои ги има Црвениот Крст дел од компаниите во општината, помош во различни намирници директно испраќаат во собирниот центар во Момин Поток.

Од  ЈКП Пролетер , ТППЕ Ресен и Општина Ресен веќе втор ден се испраќаат  вработени во овие институции на помош при расчистување во загрозените подрачја во Скопскиот Регион.Ресенските екипи работат на расчистување на домови кои настрадаа од големите поплави пред се во расчистување на кал од домовите и оштетена покуќнина. За утре 11.08.2016 година најавена е поголема група од 20 вработени во Општина  Ресен кои ќе заминат во загрозените подрачја на расчистување од последиците кои ги направи невремето.

 

На вонредната седница на Совет на Општина Ресен , покрај донесената одлука Општината да уплати 100 000 денари во наменскиот фонд за загрозеното население, сите 15 Советници донесоа одлука да се откажат од дел од месечниот надоместок и истиот да се уплати на наменскиот фонд за загрозеното население.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.