S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Хераклејски Поетски Свечености за прв пат во Ресен

Ресен,14.08.2016 Утревечер во Дворот на Ресенскиот сарај со почеток од 20 часот , за прв пат во Ресен ќе се одржи дел од манифестацијата Хераклејски Поетски Свечености, која последните две години се одржува под мотото Поетски Средби на Медитеранот.

 

Манифестацијата на која ќе настапат повеќе десетици поети ќе започне на 14 август во Битола , а нејзиното финале оваа гододина ќе се одржи во Ресен , каде на академикот Богомил Ѓузел ќе му биде доделена наградата Златна Лира 2016 година и ќе биде прогласен за Поета Лауератис на фестивалот.

За фестивалот кој инаку се одржува 11 години по ред, извршниот директор Љубомир Груевски ќе истакне : "Хераклејските Поетски Свечености уште во самиот старт беа замислени како собир на поетите од соседството, а го покренаа група значајни македонски поети меѓу кои  Михаил Ренџов,Ристо Jачев , мојата маленкост Љубомир Груевски и други. Од минатат година делуваме под мотоот Средби на Медитеранот  со цел македонската историски , традиционални и културни вредности да ги ставиме во светскиот центар на Културата – Медитеранот , каде што Макеонија со своите културни вредности несомнено припаѓа во културна смисла."

Во преубавиот амбиент на ресенскиот сарај на манифестацијата Хераклејски Поетски Свечености ќе има и промоција и на неколку книги од кои една на трагично загината битолска поетеса Катерина Наковска.Исто така кон поетите учесници утре со свои поетски творби ќе им се приклучат и членовите на друштвото Преспанска Елегија кои поетски ќе ја збогатат културната вечер.

 

Оваа година фестивалот Хераклејски Поетски вечери е поддржан и од Општина Ресен , која има интенција истиот да го постави како традиционална манифестација која во мноштвото на други културни настани за време на летото во иднина ќе го збогати културниот живот на преспанчани.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.