S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Поети од СВП во четврток ќе рецитираат во Ресен

Триесет и двајца поети од 30 земји ќе учествуваат на 55-то издание на една од најреномираните културни манифестации кај нас, Струшките вечери на поезијата (СВП), што ќе се одржат од 24 до 29 август во Струга, но годинава придружни поетски настани ќе се одржат и во Битола, Ресен, Охрид.

 

Програмата вклучува учество на добитниците на наградите Браќа Миладиновци и Мостови на Стуга; поети од едицијата плејади од Литванија и Бугарија; излезни читања пред куќата на Уранија во Охрид; посета на градовите Битола и Ресен; се до завршувањето во Скопје со поетското Матине на Матка и Камениот мост на 29 август.

Во Ресен дел од поетите вклучени во настанот Поезијата на пат, рецитали на своите творби на матичен јазик и преведени на македонски ќе имаат во дворот на Домот на Култура Драги Тозија на 25.08.2016 со почеток од 20 часот. Овој настан се одржува по втори пат во Ресен , на минатогодишниот настан во склоп на Струшките вечери на Поезијата учесници беа поети од целиот свет кои имаа извонредна можност дел од свите творби да ги претстават пред ресенчани.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.