S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Се подобруваат просторните условите за школување во училиштата во Ресен

Пред почетокот на  новата учебна година која стартува на 1 септември во четврток , Во општина Ресен , т.е. во образовните институции во градот Ресен се превземаат активности за реставрирање на просторните услови во СОУ Цар Самоил , ОУ Гоце Делчев и ОУ Мите Богоевски со цел да се подобрат условите за изведување на наставата во овие училишта.

 

Во СОУ Цар Самоил  се реновира кабинетот по информатика, просториите наменети за школска библиотека, кабинетот по албански јазик и просториите за техничкиот персонал . Во Оу Мите Богоевски се  пристапи кон поставување на PVC столарија во две училници кои беа дооформени минататa година , како и се изведува  поплочување на пристапната патека до главната зграда на ОУ Мите Богоевски. Во другото ресенско училиште пак во 12 училници или на простор од повеќе од 600 м2 се изврши санација и лакиранје на подовите од паркет. Исто така во демонстративниот насад при СОУ Цар Самоил се поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија на која ќе бидат поврзани пумппите кои се користат за наводнување и прихрана на насадот.

Во посета на овие активности беше Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , при што истакна  дека сите овие зафати финасисрани од Општина Ресен се во насока за да се овозможува континуирано подобрување на условите за учениците кои ја посетуваат наставата  во училиштата на територија на Општина Ресен.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.