S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во вторник во Ресен драмски гостува со Капетанот Џон Пиплфокс

Во вторник на 6.9.2016 година со почеток во 19 часот во Кино салата на Домот на Култура Драги Тозија за прв пат во ресен ќе се прикаже театарската престава за деца Капетанот Вопн Пиплфокс во изведба на Дранмскиот Театар во Скопје. Влезот за оваа престава е слободен.

 

Инаку преставата Капетанот Вопн Пиплфокс или како што и самата со својот наслов тематски се опшива како гусарска  бајко со  пеење и мечување е во режија на Коле Англевовски и во неа настапуваат преку  20 актери.

Ова дело е всушност еден од најубавте текстови за деца и возрасни, за храбрите подвизи на бестрашниот капетан Џон Пиплфокс, кој со својата гусарска дружина тргнува да се бори против седмоглавото чудовиште за да го спаси светот, напишана од легедарниот Душко Радовиќ, после 33 години преставата  повторно е на репертоарот на Драмскиот театар.

Иако напишан пред педесетина година, овој текст, со своите авантури, интересни карактери, драматуршка поставеност во која приказната со одвива со филмска брзина, е голем предизвик за секој учесник во претставата.

Ако сакате да го видите помладиот дел од ансамблот на Драмскиот театар, да уживате во прекрасната музика, мечување и борби, да видите галерија од фантастични костими и маски, да го видите бродот “ Одмазда“, повелете во Кино Салата на Домот на Култура Драги Тозија во Ресен .

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.