S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Сара Митревска избрана за ученик на генерацијата Најдобри од Најдобрите

 Во средата на 31 Август во ресенскиот анфитеатар веќе традиционално се одржа манифестацијата  Најдобри од Најдобрите , која се однесува на свечено доделување на дипломите на матурантите од ресенското средно општинско училиште Цар самоил . Исто така на оваа манифестација покрај свеченото доделување на дипломите и културно уметничката програма во изведба на ресенските средношколци  се  прогласува и  ученикот на генерацијата  , кој за генерацијата 2012-2016 е Сара Митревска која со својот успех, залагање ,учество на натпревари и освоени награди во републичка конкуренција од страна на Комисијата при СОУ Цар Самоил недвосмислено беше прогласена на ученик на генерацијата.

 

Сара Митревска за постигнатиот успех од страна на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на поклон доби нов лап топ комјутер. На манифестацијата обраќајќи се кон присутните градоначалникот Стрезовски на дипломираните преку 100 матуранти им посака успех во понатамошните животни предизвици и стекнатото знаење како академски граѓани по неколку години да го применат во родната Преспа.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.