S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Од вчера започна новата учебна година во Преспа

Новата учебна 2016/2017 година во Преспанскиот регион денеска почна за 140 првачиња во пет основни училишта, што е за 28 повеќе од лани.Првачињата ги посети градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, кој на учениците и наставниците им посака успешен поечеток и квалитета учебна година.

 

– Во сите пет основни и во средното училиште на подрачјето на општина Ресен денеска почна новата учебна година. Џагорот на децата беше присутен во сите училишта во Преспа, а дел од објектите во кои се изведува наставата се во новоруво, реновирани и делумно ентериерно реконструирани. Радува фактот што за разлика од минатата година кога имаше 112 првоодделенци, ова година бројката се искачи на 140, изјави Стрезовски.

На ниво на општина Ресен во основните училишта запишани се 1.080 ученици и 370 средношколци во гимназијата „Цар Самиол“ од кои 56 во прва година. Во основното училиште „Мите Богоевски“  од 409 ученици, 69 се првачиња, во „Гоце Делчев“ има 294 ученици меѓу нив и 36 првачиња. Во „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор запишани се 15 првоодделенци, а вкупно има 130 ученици, во училиштето „Славејко Арсов“ во селото Подмочани запишани се 101 ученик, меѓу нив 11 во прво одделение, и во „Димитар Влахов“ во Љубојно има 65 ученици од кои осум првачиња.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.