S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

ДЕАЛ ТАСК реализира нова инвестиција

Во рамките на проширување на производствените капацитети,ресенската текстилна компанија ДЕАЛ ТАСК започна со реализација на нов инвестициски циклус.Се работи за нова производствена опрема која деновиве е инсталирана во просториите на компанијата, а ќе служи за производство на микро-фибер, еден од моментно најбараните текстилни производи на европскиот и светскиот пазар.

 

Новата производствена програма нуди можност за производство на 45 000 метри микро-фибер во една смена, и во моментов се работи на подготвително производствокое треба да ги дефинира производствените капацитети на компанијата.Во оваа насока тоа би значело дека доколку производствените капацитети соодејствуваат со тоа, од почетокот на наредниот месец компанијата би ангажирала нови 10-15 рботници.

Особено радува фактот што од ДЕАЛ ТАСК најавија дека доколку обезбедат стабилен пазар за овој вид на производ, од наредната година ќе се отворат можности за вработувања на многу поголем број на вработувања.

Во посета на компанијата, вчера, беше Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски каде во разговор со раководството на компанијата беше запознаен со споменатите амбициозни планови.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.