S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка од Градоначалникот Стрезовски по повод Денот на Независноста 8-ми Септември

По повод денешниот  државен празник 8-ми Септември, Градоначалникот на Општина Ресен упати честитка до граѓаните на општина Ресен. Меѓудругото во честитката стои:

 

 

``Почитувани сограѓани, дозволете да Ви го честитам овој голем ден за Република Македонија и за сите нас кои заедно ја градиме нашата држава кон подоброто утре.Денес, во светот многу народи и држави имаат свои, големи, историски датуми и настани. Тие, ја обликуваат свеста на граѓаните и ги проектираат патиштата по кои се движиме. Тие се и паметник за времињата што поминале, но и најголем потсетник за одговорноста што ја имаат. Македонија во минатиот век ја одбележаа три клучни  настани: Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 година кои се нашите меѓници на патот кон освојувањето на слободата.Овој празник на нашата државноста претставува остварување на вековниот сон на многу генерации Македонци за формирање на самостојна и независна држава, со свој суверинитет, свое знаме, химна, свои институции и валута.

 Сите ние имаме улога во градењето на ова наше демократско општество, секој од својата позиција може и мора да придонесе нашата држава да биде просперитетна и да се развива согласно нашите потреби и визии. Затоа во овие празнични мигови дозволете гордо да Ви ги честитам сите лични и општествени успеси на кои се темели нашиот просперитет.``

 

Почитувани сограѓани, нека ни е честит празникот!

Да живее Република Македонија!

 Д-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.