S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одбележани 72 години слободни Ресен и Преспа

 По повод 72 годишнината од ослободувањето на Ресен и Преспа, денес, во Големата сала на Општинската зграда, Советот на Општина Ресен во присуство на поголем број граѓани од Општината, како и на други поканети гости, одржа свечена седница, на која Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски поднесе реферат по повод годишнината од ослободувањето на Ресен и Преспа и 25 годишнината од независноста на Република Македонија.

 

Седницата започна со изведување на македонската химна, по што, претседателот на Советот д-р Методија Пашковски ги повика присутните со едноминутно молчење да им одадат почит на паднатите борци во Народноослободителната Војна.

“11 Септември 1944 година, за нас како преспанчани има извонредна симболичност. Тој датум во себе ја крие симболиката на еден нов почеток, на значаен чекор напред на патот кон вековната борба, на верификација на безбројните заложби и жртви кои овој народ тука во Преспа ги дал со цел да ги издвојува победата и слободата. Пред точно 72 години, поимот за бестрашното уривање на ропските пранги стана светилиште и инспирација на многу генерации, стана патоказ како треба да се сака и да се извојува слободата,” истакна на почетокот од своето излагање Градоначалникот Стрезовски.

 

 

По историската ретроспектива, Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, дел од своето излагање го насочи и кон активностите кои се превземаат за подобрување на животот на Преспачани, подвлекувајќи: “Каква Преспа ќе градиме, таква и ќе ја имаме. Затоа, во сè што правиме, да го вложуваме најдоброто од нас. Како родители и деца, како соседи и пријатели, како учители и ученици, како работодавачи и вработени. Да бидеме полни со љубов, жедни за знаења и посветени на успехот.”

“Преспа, почитувани, се сака токму со конкретни дела, со остварување и реализирање на проекти кои животот на Преспанчани ќе го направат поубав и поквалитетен. Токму по таков пат, почитувани Преспанчани, ние всушност и се движиме и никогаш и по никоја цена нема да отстапиме од него. Квалитетот на живеењето ќе биде на пиедесталот на нашите размислувања, напори и ангажмани. Нешто кон кое ќе се стремиме во сите наши делувања.

Денес, во Ресен, по речиси 60 години, се гради нов водовод, кој ќе ни овозможи пиење здрава и квалитетна вода.

Денес Преспа има најдобро улично осветлување во државава, благодарение на реализацијата на мега-проектот за реконструкција, модернизација и надградба на системот за улично осветлување.

Денес туристичка Преспа засјајува со поинаков сјај од она што и се случуваше во последниве 2 децении. Имаме најмодерни и најдобро уредени плажи во Македонија, а можеби и пошироко.

Денес Преспа претставува вистинско градилиште. Интензивно се градат нови патишта, тротоари и улици дури и во најмалите и досега најзапоставените населби. Буквално не постои населено место во кое не се изградиле или не се градат пат, улица, канализација, водовод, парк, детско игралиште, во кое не се подобрило осветлувањето или водоснабдувањето.”

Станува евидентно дека, не постои поле, не постои сегмент од општественото живеење во Преспа, во кое изминативе неколку години не се чувствува значаен напредок. Како потврда на императивните вредности за посветеност кон сопствените граѓани, кон сопствената општина, кон сопствената држава, за стремежот кон градење дела, кон реализација на проекти, кон преземање конкретни активности, зошто, така и единствено така се потврдува љубовта кон нашите најсветли вредности, кон заветот кон нашите деца, кон нашите поколенија.

На крајот од своето излагање, Градоначалникот на Општина Ресен истакна дека секогаш има простор да се направи уште повеќе и уште подобро за жителите на нашата Општина. Впрочем, очекувањата на модерниот граѓанин на Преспа се реални и во насока на подобар живот. “За сите нас тоа треба да претставува обврска уште повеќе да се ставиме во функција на разрешување на постојните проблеми и предизвици, па оттука можам само да потврдам, дека ние ќе продолжиме со посветена работа која ќе води кон подобро утре за сите граѓани на Ресен и Преспа,” заклучи Стрезовски.

Во рамки на одебележувањето на годишнината од ослободувањето на Ресен, пред почетокот на свечената седница, Градоначалникот Ѓоко Стрезовски изврши прием на борци и членови на семејствата на паднатите борци од подрачјето на Преспа, а делегации формирани од Советот положија свежо цвеќе на обележјата на паднатите борци во Народноослободителната Војна.

По повод 74 годишнината од смрта на народните херои Мите Богоевски и Стив Наумов (12 септември), денес беше положено свежо цвеќе и на обележјата на хероите во село Болно.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.