S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Честитка по повод Курбан Бајрам од Градоначалникот Стрезовски

 

По повод Големиот муслимански празник Курбан Бајрам , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски упати честитка до припадниците од муслиманска вероисповед. Во честитката меѓудругото стои:

 

"Oд мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви упатувам искрени честитки по повод најголемиот Муслимански празник,  Курбан Бајрам –  празникот кога ширум се отвараат портите за сите добронамерници.

На овој голем празник да се свртиме едни кон други, искрено, и во хармонија да продолжиме да го негуваме заедништвото кое  е одлика на нашата општина. Учејќи едни од други врз темелот на различностите, како и досега да градиме квалитет, да го негуваме соживотот како основа за успех и напредок во нашата заедница.

Почитувани сограѓани, припадници на Муслиманската вероисповед!

Искрено и од се срце Ви посакувам милоста божја да ги исполни Вашите срца и души, домовите да Ви бидат храмови на добрината, солидарноста и соживотот, а празничната светлина да Ве осветлува во овие и во сите останати денови од годината.

Нека Ви е среќен празникот Курбан Бајрам

Со почит,

Градоначалник на Општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.