S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Започнува манифестацијата Преспански Јаболкобер 2016

Со звуците на препознатливиот новокомпониран македонски фолк мелос , во изведба на Ефто Пупиновски , Елена Велеска и Миле Кузмановски и групата Персиди , вечерва во Ресен започнува  традиционална манифестација Преспански Јаболкобер 2016 во организација на Општина Ресен.

 

Годинешната манифестација е во насока на славења на почетокот на бербата на преспанското јаболко која од памтивек традиционално започнува во деновите околу православниот празник Крстовден ( 27 Септември).

На годинешната манифестација покрај музичко -забавниот дел на кој ќе настапат поголем број на културно уметнички друштва, домашните  ѕвезди од фолк естрадата , свои концерти за кулминација на прославата ќе одржат и познатите Тања Царовска , Даниел Кајмаковски и Суперхикс. Паралелно со овие настани во петдневната прослава ќе се реализираат и детски музички хепенинзи, промоција на книги , гостување на НУ Турски Театар- Скопје и слично . Во рамките на манифестацијата со присуство на првите луѓе на локалните самоуправи од прекуграничниот регион Преспа ќе се одбележи и Светскиот ден на Зелениот Појас во кој ќе се реализира и презентација на локални производи .Во Ресен преку сопствени креации најмладите преспанчани ќе се престават на детскиот Еко Базар , додека пак на главниот саемски ден преку 40 компании во вторник ќе промовираат сопствени производи и земјоделска механизација која пред преспанчани и присутните гости треба да ги презентараат најновите достигнување во  практицирањето на одржливо овоштарство.Напоредно со овие активности традиционално во Ресен ќе се одржат и традиционалните турнири посветени на младински категории во Фудбал и ракомет.

Во рамките манифестацијата ќе биде одржана и научна трибина посветена на Современите пристапи во наводнувањето и фертилигацијата во земјоделското производство.Манифестацијата завршува на 27 Септември со свеченото откинување на првото јаболко во овошните насади на Свисслион Агроплод и со доделување на општнски награди и признанија.

Во нашата општина многу нешта се поврзани и зависат од јаболковото производство, дури слободно можам да кажам дека преспанчани и времето го мерат од една до друга берба на јаболката , затоа во чест на нашето преспанско јаболко ја организираме оваа манифестација која треба да даде силна поддршка кон препознатливост на овој наш македонски производ но и во исто време со манифестацијата правиме напори регионот Преспа и дополнително туристички да ги зголеми своите капацитети како и да помогнеме на локалната економија – истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.