S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во Општина Ресен се реализира акцијата Ајде Македонија

Во рамките на акцијата Ајде Македонија која се спроведува на територијата на цела Македонија и која има за цел покрај подигањето на јавната свест за проблемите со создавање на отпад , туку и да придонесе за негово расчистување , во Општина Ресен, акцијата се спроведе на три локации и тоа ;околу инустриската зона - поранешната фабрика ПреспаТекс,во близина на СОУ ,,Цар Самоил,,и во рамките на заштитното подрачје ПП ,,Езерани.

 Во акцијата учествуваа вработени во Јавна администрација , Јавното Комунално претпријатија и одреден број  граќани кои се приклучија кон акцијата . Од трите локации со помош на превозни средства на ЈКП Пролетер се острани пред се кабаст и биоразградлив отпад.

Во акцијата учествуваше и Градоначалникот  д-р Ѓоко Стрезовски кој во оваа прилика истакна  дека Општина Ресен останува верна на традицијата која е воспоставена веќе неколку години." Оваа година со вклучување на повеќе институции се чистеше на три локации и сметам дека акцијата успешно се реализира , а како најава на оваа акција во текот на вчерашниот ден сите основни училишта во Општина Ресен реализираа еко акции со чистење на училишните дворови" - истакна Стрезовски.

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.