S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Утре во Ресен инфо ден за доделување на Грантови преку проектот LEIWW

Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во соработка со GIZ, а во рамките на проектот “Рурален развој преку интегрирано управување на  шумските и водните ресурси“ (LEIWW), отвара повик за доставување на предлог проекти за следните основни цели:

 

-Унапредување на зелените вредносни ланци во земјоделството и производство на прехрамбени или занаетчиски производи, со почитување и одговорно користење на природните ресурси и обновливите извори на енергија;
-Унапредување на интегрираната туристичка понуда на прекуграничниот регион преку подрршка на претприемачките иницијативи, со фокус на одговорно користење на природните ресурси и обновливите извори на енергија;
-Унапредување на регионалната конкурентност преку поддршка и креирање на зелени вредносни ланци со локалните и прекуграничните партнери;
-Поддршка на економските активности, остварување на приход и претприемништвото на жените и младите;
-Поддршка на руралните подрачја преку одржливо користење на природните ресурси, преку унапредување на интегрираното управување на водните и шумските ресурси;

Грантовите ќе бидат достапни за приватниот и граѓанскиот сектор, како и за јавните институции од следниве држави и општини од прекуграничните региони:

Прекуграничен регион „Преспа“
Македонија: Охрид и Ресен;
Албанија: Поградец, Пустец, Малиќ, Корча, Девол и Колоније;

За подобро запознавање со условите на грантовата шема на ден 27.10.2016 со почеток од 14 часот во Ресен , во Општинската зграда ќе се одржи информативна сесија на која се поканети сите заинтересирани страни.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.