S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Преку подигање на јавната свест до промоција на Натура 2000 процесот во Општина Ресен

Во присуство на преставници од министерството за Животна Средина и Просторно Планирање,меѓународни експерти, преставници од општина Ресен и ученици од општинските училишта во Мониторинг Центарот во Стење се одржа информативен настан со цел на подигање на јавната свест  кај локалното население, осебно кај најмладите категории во врска со природното наследство како дел од Прокетот : Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000, кој е финасисран преку ИПА компонентата, со цел во Македонија да се подобри и усогласи законодавството од областа на заштита на природата со законодавството на ЕУ ,  а чиј главен корисник е Министерството за Животна средина и Просторно планирање.

 

Во рамките на проектот, експерти од повеќе области работат на истражување на видовите и живеалиштата кои се дел од Натура 2000 мрежата, за да може да се предложат подрачја Натура 2000 и во Република Македонија. Едни од нив се експертите за прици кои денес беа присутни во Стење и кои им објаснуваа на децата кои се видови на прици се присутни тука и какво е нивното значење за екосистемот.

Идентификацијата на различните значајни подрачја за птици како дел од мрежата Натура 2000 е работа која Македонија треба да ја заврши пред нејзиното пристапување во ЕУ, овој проект има за цел да го поддржи ваквиот процес и заедно со колегите ние тука работиме на верификување на подрачјата кои ќе бидат дел од мрежата – истакна Николај Петков експерт од Република Бугарија ангажиран како експерт во проектот

Целта на мрежата Натура 2000 е да се обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени видови и живеалишта во Европа наведени во директивата на ЕУ за птици и за живеалишта.

 

Како засегната страна во овој процес Општина Ресен како управител на заштитени подрачја имаше убава можност преку експертите ангажирани од ЕУ  да добие повеќе сознанија за процесот на воспоставување на Натура 2000 мрежата  пред се во делот на ставањето во функција на одржлив развој за локалната заедница преку Натура 2000 подрачјата- истакна Секретарот на Општина Ресен Гоце Соколевски.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.