S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Изложбата „Иванки“ на 14.11.2016 во Ресен

Изложбата „Иванки“ чии автори се д-р Мери Стојанова и д-р Ели Луческа, a е организирана од страна на ЈНУ „Институт за старословенска култура“ – Прилеп во соработка со НУ „Завод и музеј“ – Битола, ќе биде отворена на 14ти ноември 2016 год., со почеток во 19 часот во Спомен куќата на „Христо Татарчев“ во Ресен.
Изложбата е финасирана од страна на Министерството за култура на Р. Македонија и претставува дел од активностите во рамките на проектот за ревитализација и популаризација на празникот „Иванка“, согласно Националната стратегија за развој на културата 2013 – 2017 год.  
Овој празник кој според своите обредни карактеристики е единствен од ваков вид на територијата на Р. Македонија, од почетокот на 2016 год. е прогласен за нематеријално/духовно културно наследство, со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Дел од активностите при реализација на проектот беа поддржани и од страна на Општина Ресен.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.