S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Спомен куќата на Христо Татарчев во Ресен од отворањето стана неодминлива дестинација

Спомен куќата на Христо Татарчев во Ресен од отворањето стана неодминлива дестинација на сите домашни и странски посетители, оцени министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при денешната посета на ова спомен обележје.

 

Посетителите, појасни, имаат можност преку музејската поставка да се запознаат со ликот и делото на Христо Татарчев, неговиот живот и се што е изложено од оригинална документација, фотографии, предмети, восочни фигури, уметнички слики, портрети...,. СИте овие предмети, нагласи, дадоа историска димензија во збогатувањето на Музејската поставка во Спомен домот на еден од основачите и прв претседател на Македонската револуционерна организација, кој се борел за слобона Македонија.

-          Отварањето на Спомен куќата на Христо Татарчев по самиот архитектонски изглед, надворешно и внатрешно ја претставува историската димензија и негувањето на голем број историски личности и живеењето во Ресен, кое не навраќа кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, истакна Канческа-Милевска.

Во рамките на посетата, министерката ја разгледа и изложбата „Иванки“, на која е претставен уникатниот обичај за празникот Иванден, карактеристичен за Ресен.

-          Преку изложбата ќе се оддаде почит кон негувањето на народните обичаи и традицијата. Се надевам дека негувањето ќе продолжи и во иднина и ќе можеме да го внесеме во листата на УНЕСКО за нематеријално наследство, изјави Канческа-Милевска.

Во програмата за проекти од национален интерес за идната година најави дека е предвидено реконструкција на Ресенскиот Сарај, во кој се сместени неколку значајни поставки, меѓу кои Ресенската керамичка колонија, археолошката и Кираца Висулчева.

-          Првично предвидено е ренивирање на покривната конструкција, потоа и целосно реновирање на повие три музејски поставки, кои верувам дека ќе дадат една кутлуролошка, но и голема туристичка промоција на Ресен. Во овие поставки имаме значајни предмети и артефакти во делот на традиционалната Керамичка колонија, во делот на нашата поставка на Архоелогија – вредни археолошки предмети, изложени и во во делот на ликовната уметност, информира ресоната министерка.

Според неа, многу е важно трите музејски поставки да добијат нова димензија за презентација, пркеу пренесување во времето на настанување и презентација во современ галериски простори.

Најави дека предвиден е поебен урбанистички план за изградба на пат до црквата „Свети Ѓорѓи“во Курбинов, што ќе овозможи поголема посета на оваој храм, кој, како што рече, претставува значителен белег во делот на кутлруното наследство на Македонија.

 

-          Ќе продолжиме со негувањето на нашата историја и почитта кон сите историски личности кои дале значителен белег за независна и суверена Македонија. Досега се промовирани голем број спомен соби и во други делови низ државата, а во програмата ќе се најдат и многу други автенитчни куќи кои се карактеристични и одбележуваат историска димензија. Ќе продолжиме во негување и одавање почит на историјата, историските личности и сето она што оставило длабока трага и дала големо внимание за независна и суверена Македонија, нагласи Канческа-Милевска.

Изградбата на спомен куќата на Татарчеви, според градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, придонела во туристичката понуда на Преспа.

-          Тоа најдобро го покажуваа бројот на посетителите во изминатите неколку месеци колку што е во употреба  спомен домот на Татарчеви. Ги исполни нашите очекувања во делот на туристичката понуда и тоа дека постојано туристи од цела Македонија, но и од станство доаѓаат да ја разгледаат музејската поставка која има исклучително значење за поновата Македонска историја, рече Стрезовски, појаснувајќи дека тоа е куќата во која е роден Христо Татарчев и поминал дел од животот.

Посетителите во исло\бениот простор, потсети, во наредните денови ќе имаат можнпост да ја разгледаат изложбата „Иванки“ која ја отсликува традицијата карактеристична за овој регион.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.