S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Закажана 55-та Седница на Совет на Општина Ресен

Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 55-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 15.11.2016 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 Ја свикувам 55-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  15.11.2016 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

  За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

1.    Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Ресен за III квартал, Јануари – Септември  2016 година (со образложение).

2.    Квартален извештај за ненамирени обврски на Општина Ресен  заIII квартал, Јануари – Септември  2016 година (со образложение).

3.    Квартален извештај за задолжување на Општина Ресен и Јавните претпријатија основани од Општина Ресен за III квартал, Јануари – Септември  2016 година.

4.    Предлог – План на Програми за развој на Општина Ресен за 2017-2018 година.

5.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за ЈД – Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0 – изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2017 година.

6.    Предлог – Програма за активностите на Општина Ресен во областа на образованието во 2017 година.

7.    Предлог – Програма за културни активности што се финансираат од буџет на Општина Ресен за 2017 година.

8.    Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и личности од општина Ресен за 2017 година.

9.    Предлог – Програма за активностите на Општина Ресен од областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка за 2017 година.

10. Предлог-Програма за чистење на речните корита на подрачјето на Општина Ресен за 2017 година.

11. Предлог-Програма за заштита на животната средина и природа на подрачјето на Општина Ресен  за 2017 година.

12. Предлог-Програма за управување со отпад во Општина Ресен за 2017 година.

13. Предлог-Програма за заштита на Природа во Парк на Природа Езерани за 2017 година.

14. Извештај за безбедносната состојба за првото полугодие од 2016 година.

15. Програма зработа на Општинската организација на Црвен крст на Ресен за 2017 година.

16. Предлог - Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог -Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2017 година.

17. Предлог – Одлука за давање на донација на демонтирани улични светилки на Општина Пустец.

Советнички прашања.

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.