S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Одржана тематска работилница на Здружението Мобилност во Ресен

Денеска со почеток во 10 часот во ресенскиот ресторан Две Лири , Здружението на Лица со Инвалидитет Мобилност - Битола, Ресен ,Демир Хисар   организираше тематска работилница на тема „Општинско корисна работа“,  која беше подржана од страна на Општина Ресен. На работилницата присуствуваа преставници од преку 10 зруженија кои ги застапуваат правата на лицата со телесен ивалидитет под закрила на националното здружение Мобилност.  Во центарот на интересот на работилницата беше тековниот проект во Општина Ресен преку програмата на УНДП - Општинско Корисна Работа кој овозможува сервисни услуги за лицата со инвалидитет во општина Ресен и кој се реализира веќе втора година по ред.

 

Од страна на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски беше истакнато дека интенција е да се покаже одржливоста на овој проект во локални рамки и дека во иднина истиот треба да биде превземен од страна на државните институции. 

Претседателот на Мобилност - Македонија, Бранислав Јовановски ја искажа својата поддршка за овој проект и се заложи да и тие како национално здружение сугерираат на државните органи ваквите проекти да се мултиплицираат во нашата држава.

Претседателот пак на Мобилност Битола, Ресен Демир Хисар, д-р Никола Јанков пак ги презентираше резултатите направени од страна на здружението преку анкета низ Ресен во врска со придобивките и висливоста на овој проект , при што заклучоците несомнено покажуваат дека работите се придвижени во правилна насока.

Во рамките на работилницата Здруженијата Мобилност и Хумана Преспа од Ресен потпишаа Меморандум за соработка и разбирање.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.