S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Концерт со Флејта и Пијано во Ресен

Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен на ден 25.11.2016 (петок), Ве поканува на Концерт – флејта и пијано, со Триото Интерарт“ во состав: Александар Стефановски - флејта, Емилија Ристевска Стефановска - флејта и Татјана Божиновска-пијано.
Место: Дом на култура „Драги Тозија“ – Сарај
Почеток: 19 часот
Влез слободен
После добивањето на престижната ПРВА награда „Диплома на честа“ на „Tornero Internazionale di Musica“ натпреварот во Париз (Франција) во 2006 год., триото „Интерарт“ доби значајно признание за нивната работа во областа на камерната музика. После TIM натпреварот, триото беше покането да настапи во Рим заедно со уште шест состави - лауреати на камерни натпревари од целиот свет.
Триото „Интерарт“ е формирано во 1997 год. во Германија, каде македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следеа и два концерти во Македонија.
Сегашната формација на Триото Интерарт (Александар Стефановски-флејта, Емилија Ристевска Стефановска-флејта и Татјана Божиновска-пијано) има настапувано на повеќе значајни концертни подиуми и фестивали во Македонија : Охридско лето, Скопско лето, Салон 19,19, Битолско културно лето, Хераклејски вечери, Музички вторник, Ден на културата во Битола, Златна лира, Интерфест – Битола, го снимија својот прв инструментален видео-спот кој се емитува на ТВ станиците во нашата земја.
Триото во 2006 год. е добитник на најпрестижното битолско признание, наградата „4 Ноември“, како и наградата за „Најуспешни битолчани“ која ја доделува Битолски весник.
Сите членови на Триото Интерарт се докажани солисти кои имаат настапувано со рецитали во Македонија и надвор од неа, како и со Македонската Филхармонија.
Триото има настапено во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција, а на  8 септември 2007 – Денот на независноста на Македонија ја претставуваше Македонија во Македонскиот Културен Центар во Њујорк, каде и беше промовирано првото CD. Во 2008 год. триото настапи на Фестивалот  “North Quabbin's Center for Performing Art” во Њу Салем, САД. Во 2008 год. триото го сними и промовираше своето второ CD со современа музика.
Во јули 2009 год. Триото „Интерарт“ го освои третото место на Интернационалниот фестивал Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија.
Во 2010 год. триото „Интерарт“ го сними и своето трето CD.
Во 2012 год. триото „Интерарт“ ја претставуваше Македонија во Анкара, Турција, а во 2013 год. триото беше номинирано за наградата Виртуози“ во категорија камерни ансамбли.
 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.