S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во Ресен одбележани 30 години постоење на Здружението Мобилност

 Во ресторанот Две Лири во Ресен , денеска се одбележаа 30 години од постоењето на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност. Исто така покрај одбележувањето на 30 годишниот јубилеј преставниците на Мобилност од целата држава го одбележаа и 3 -ти Декември Меѓународниот Ден на лицата со посебни потреби.

 

На свеченоста реферант за постоењето , успесите и предизвиците поднесе Претседателот на Националниот Сојуз Бранислав Јовановски, додекап во склоп на свеченоста се одржаа и 22 литературни средби на лицата со телесен инвалидитет на кои на најуспешните им беа доделени  плакети.

На свеченоста како копокровител присуствуваше градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , кој ја истакна подршката на општина Ресен која ја дава на лицата со телесен инвалидитет, ги охрабри присутните доследно да се борат со своите човекови права и ја потврди заложбата дека во Општина Ресен секогаш ќе најдат партнер во остварувањето на своите права и обврски.

Одбележувањето на Јубилејот заврши со изведба на преставата За Рамнотежа во Светоот на која играа повеќе дечиња од Ресен , во режија н а ресенчанецот Сотир Чаушевски.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.