S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Отворени денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Ресен

       Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани граѓани декана ден 06.12.2016 г. ќе се одржат отворени денови во регионалните канцеларии на Агенцијата или во просториите на општините со следниот распоред:  Сливница со почеток во 13:00 часот – Царев Двор со почеток во 15:00 часот - Јанковец со почеток во 16:30 часот – Општина Ресен со почеток во 18:00 часот  

 

- Сливница со почеток во 13:00 часот

-Царев Двор со почеток во 15:00 часот

- Јанковец со почеток во 16:30 часот

- Општина Ресен со почеток во 18:00 часот

 

Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржуваат со цел да се реализираат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата, каде ќе имаат можност да се информираат во врска со поволностите кои се нудат преку Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да се запознаат со работата на Агенцијата, да дискутираат за прашања од нивен интерес, да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето, како и да побараат стручна помош. Воедно, отворените денови се прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјоделците кои ги имаат при користење средства од програмите за земјоделство и рурален развој, со цел подобрување на истите. На отворените денови ќе присуствуваат претставници од Агенцијата кои директно се инволвирани во сето она што е главна надлежност на институцијата.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.