S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Новогодишни пакетчиња за најмладите преспанчиња

Денеска во Детската Градинка 11 Септември во Ресен и во просториите на Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Ресен , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски во присуство на Дедо Мраз делеше новогодишни пакетчиња за најмладите наши сограѓани.

Во детската градинка беа доделени 140 новогодишни пакетчиња а во дневниот центар седум. Акцијата за доделување на новогодишни пакетчиња во Општина Ресен ќе продолжи и во наредните денови , при што пакетчиња ќе добијат сите првооделенци во општината , децата корисници на услугите во проектот за Општинско корисна работа како и деца од социјално ранливи категории на граѓани.

Денеска дојдовме да им ја честитаме новата година на нашите најмали сограѓани и да им посакаме многу успех,здравје и безгрижно детство - истакна градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.