S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Набавен Урбан Багер Ровокопач за ЈКП Пролетер- Ресен

 Денеска во ЈКП Пролетер од Ресен пристигна донацијата во урбан багер ровокопач кој општина Ресен го обезбеди преку проектот за Заштита на Преспанското езеро кој заедно го спроведува со УНДП преку донаторски средства од страна на Швајцарската Агенција за Развој.

 

Со зголемувањето на капацитетите на ЈКП Пролетер, исполнуваме една од активностите кои се зацртани во проектот а тоа е што поефикасно упшравување со отпадот во општината , компонента преку кој и овој урбан багер во вредност од околу 2 милиони денари е набавен. Исто така за потребите на ЈКП Пролетер општината планира и набавка на урбано возило за подигање и транспорт на комунален објект кое посебно ќе биде наменето за оние градски улици каде што постоечката ,механизација нема пристап. – истакна Градоначалникот на Општина Ресен , д-р Ѓоко Стрезовски на примопредавањето на урбаниот багер кој Општина Ресен го набави преку постапка за јавна набавка од Синпекс доо Битола.

Оваа машина нас ни овозможува голема флексибилност во урбаните средина , при што истата може да се користи во одржување на водоводна мрежа, копање на ровови, кршење на асфалт и многу други операци во процесите на интервенција на дефекти на водоводна и канализациона мрежа, операции поврзани  во градската депонија и слично. – истакна Директорот на ЈКП Пролетер-  Ресен  г-дин Љупчо Крстевски.

Инаку самиот проект за Заштита на Преспанското езеро во висина од околу 6 милиони швајцарски франци , последните две години го спроведуваат паралелно Општина Ресен и УНДП , а во својот дел општината треба да реализира активности покрај зајакнување на капацитетите на ЈКП , исто и во делот со изградба на системи за одведување на отпадни води низ населените места во општината, подобрување на водоснабдувањето преку рационално искористување на природните ресурси, подршка на Паркот на Природа Езерани , како и подршка на воспоставениот мониторинг на Преспанското Езеро. Проектот завршува во 2018 година.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.