S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Новогодишна честика до преспанчани од Градоначалникот Стрезовски

„Почитувани сограѓани!

Испраќаме уште една календарска година, исполнета со многу предизвици. Година која потврди дека со упорна работа, со чесност и одговорност, со максимална посветеност и ангажираност на секој од нас, реализиравме многу значајни проекти, како во Ресен, така и во останатите населени места во Преспа.

 

Најголем број од планираните проектни активности ги завршивме во текот на годината што ја оставаме зад нас, некои се во тек, но и многу нови ќе започнеме во текот на 2017 година. За нивната реализација веќе се направени неопходните подготовки. Во оваа прилика, сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои беа трпеливи при реализацијата на еден од капиталните проекти – реконструкцијата на градскиот водовод; што беа упорни во поддршката при реализацијата на проектот за реконструкција, модернизација и надградба на системот за уличното осветлување; што знаеја да уживаат на преубавите нови плажи на брегот на Преспанското Eзеро…

Како Градоначалник, задоволен сум со она што го сработивме во 2016 година, иако верувам дека секогаш може повеќе и подобро. Животните турбуленции направиле секогаш да бидам оптимист. Токму така гледам и на годината што е пред нас. Нé чека многу работа, но цврсто верувам во нашиот заеднички успех. Градот и општината се раководат и се чуваат со почитување на нивните традиции, со знаење,со покажување хуманост, со одржување на заедништвото, но и со храброст за справување со големите предизвици.

Ви посакувам среќна, успешна и бериќетна Нова 2017 година. Да ја дочекаме весели и со многу оптимизам. Нека таа Ви донесе многу здравје, среќа и успех на секој план. Во Новата година нека се исполнат сите Ваши желби. Да продолжиме сите заедно да чекориме напред, кон поубава, поуспешна и попросперитетна иднина,“ – се вели во честитката на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.