S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во Ресен и Преспа дочекана Новата 2017 Година

 Неколку стотина ресенчани  и покрај ниските температури синоќа на градскиот плоштад во Ресен со музиката на локалниот бенд Астра и новогодишен огномет заедно ја дочекаа новата 2017 година со искрени честитки за здравје, успех,љубов и среќа. Преспани си посакаа да имаат поуспешна и побериќетна Нова Година во духот на зедништво и толеранција , вредности кои је красат Преспа.На дочекот на Новата Година на градскиот плоштад Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на сите преспанчани им посака успешна и бериќетна година што следи.

 

Весело и празнично беше и низ угостителските објекти во градот Ресен и Преспа , каде посебно помладите преспанчани со игра и песна ја дочекаа новата 2017 година, при што дел од нив се приклучија на градскиот плоштад за да си ги упатат првите честитки во новата година.

 Традиционално пак ден претходно локалната самоуправа  за службите на Брзата Помош, Полицијата и Птротив Пожарната единица обезбеди скромни поклони.Исто така во Новата 2017 година од страна на Општина Ресен се обезбедени дополнителни 23 ПП апарати за образовните институции во Преспа кои на последниот ден од 2016 година беа донесени во ТППЕ Ресен.

За време на прославата на Нова година не беа забележани поголеми  нарушувања на јавниот ред и мир а немаше ни зголемен број на интервенции од брзата помош или противпожарната единица во Ресен. 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.