S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

По втор пат во Ресен ќе се одржи Коледарска Литија

Околу 230 деца ќе бидат дел од утрешната коледарска литија што по повод големиот христијански празник Божик ,   втора  година по ред ќе се одржуви во Ресен. Со пеење на божиќната песна Вечниот Бог, Литијата ќе започне утре од 10 и 30 часот од Црковниот Храм Свети Кирил и Методиј , и преку улиците Борис Кидрич, 29 Ноември , 11 Октомври и плоштадот Цар Самоил ќе заврши во зградата на Општина Ресен , каде Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , кој е покровител на оваа манифестација , на сите деца ќе им додели божикни пакетчиња.

 

Настанот потоа продолжува со заеднички ручек за сите деца, преспанското намесништво и градоначалникот на Општина Ресен во ресторанот Две Лири во Ресен.

 

"Овој настан во организација на преспанското намесништво се одржува по втор пат во Ресен , и се надевам дека истиот во духот на славење на нашата традиција ќе продолжи и во иднина при што општината секогаш ќе го помага настанот во насока на потенцирање на нашите традиционални вредности и во духот на мешусебното разбирање и почитување"- истакна градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.