S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Георгина Стефановска добитничка на василичарската паричка на градскиот плоштад

Во духот на вековната традиција вечерва на повеќе локации низ Преспа во многу села и во градот Ресен се палат василичарските огнови на кои православните христијани будни ја дочекуваат Стара Нова Година. Централната прослава со централен оган , во организација на Општина Ресен се одвиваше на градскиот Плоштад Цар Самоил во Ресен.
Со греана ракија, чаеви и освежувачки пијалоци , со звуците на македонскиот народен мелос повеќе стотини граѓани на градскиот плоштад беа дел од овој вековен обичај во Ресен. На настанот традиционално се делеа и банички, во кои ,во една од нив имаше василичарска паричка. Најсреќна од сите присутни беше малата првооделенка Георгина Стефановска од Ресен  на која и се падна парето.
Многу сум радосна што ми падна парето во баничката, на сите луѓе им посакувам здравје и среќа во новата година- порача Георгина Стефановска.
Како и изминатите години и оваа Општина Ресен го организира овој настан со цел да се одбележуваат оние традиционални активности кои всушност и се белег на нашето постоење. И во иднина Општина Ресен ќе организира и ќе ги подржува ваквите и слични манифестации кои никогаш и не прекинале во Преспа и кои само ги зајакнуваат меѓусебните врски во нашата локална заедница- истакна Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
Од Градоначалникот Стрезовски , малата Георгина која на манифестацијата беше дојдена  во придружба на својот татко Стојан , доби на поклон HD телевизор.
 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.