S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Основниот Суд - Ресен распишува оглас за 18 судии поротници

Врз основа на член 38 став 3, член 13, член 15 став 5 и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (“Службен весник на РМ” бр. 150/10), а в.в. со Одлуката на Судскиот совет за утврдување на бројот на судии – поротници во судовите во РМ, бр. 02-2114/1 од 01.12.2015 година, Основен суд Ресен, на ден 24.01.2017 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 18 судии – поротници во Основен суд Ресен

 

I.              Кандидатот за судија – поротник потребно е да ги исполнува условите предвидени во законот за судовите (“Службен весник на РМ” бр. 58/06, 46/08, 150/10) и тоа:

  1. да е полнолетен државјанин на Република Македонија
  2. да има завршено најмалку високо образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија – поротник
  5. да не е постар од 64 години
  6. да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија – поротник.

II.            За судија – поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата – поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

III.           Заинтересираните кандидати  пријавите со потребната документација (доказ за државјанство, уверение за неосудуваност и диплома за завршено образование) да ги достават до Комисијата преку архивата на судот, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

IV.      Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите од став 1 т. 1-5 ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање ќе бидат на товар на кандидатот.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.