S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Започна процесот на приклучување на индивидуални корисници кон новата водоводна мрежа во Ресен

По речиси двомосечен застој околу изведувањето на градежните работи поврзани со реализацијата на еден од најзначајните проекти во општина Ресен во последните пет-шест децении,  продолжи целосната реконструквција на градскиот водовод, Деновиве со силен интензитет започнаа изведбените активности околу довршувањето на секундарната водоводна мрежа во градот. Напоредно со тоа со поддршка од екипи на ЈКП Пролетер, започнаа и активностите за реализација на индивидуалните приклучоци, односно приклучување на домаќинствата - корисници на водоснабдителниот систем од границите на сопственост на водокорисниците, до каде што фирмата изведувач ги извршува работите.
 
Се работи за проект вреден над 800 000 евра со кој целосно ќе се заменат азбесните водоводни цевки кои во Ресен се користеа изминатите шест децении, а со цел да се обезбеди здрава чиста и квалитетна вода за пиење, но истовремено и да се надмине и проблемот со честите дефекти на застарената водоводна мрежа, како и огромните губитоци на вода ,присутни во изминатиот период.
 
- По минатоесенското завршување на првата фаза на примарната водоводна мрежа , деновиве се пристапи кон довршување на секундарните водоводни приклучоци од првата фаза, кои според нашите очекувања треба да завршат до мај оваа година . По тоа ќе следува втората фаза во која ќе се изврши реконструкција на уште неколку главни улици во градот, а со што паралелно ќе се одвива и приклучувањето на секундарната мрежа и индивидуалните корисници, што планираме да биде завршено до почетокот на оваа есен.Со тоа Ресен ќе добие нов функционален и исклучително квалитетен водоводен систем според сите европски и светски стандарди.- изјави Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
 
- Припадници сме на историската генерација на вработени во ЈКП Пролетер која по повеќе децении на користење на застарениот и нефункционален водоводен систем во Ресен се нафати на процес на негова целосна реконструкција. Деноививе наши екипи започнаа со реализација на активностите околу индивидуалните приклучоци, започнувајќи од ул Јосиф Јосифовски и во оваа прва фаза која би траела до почеток на месец мај  планираме да реализираме околу 800 приклучоци. - истакна Директорот на ЈКП Пролетер од Ресен г-дин Љупчо Крстевски.
 
Во реализација на целокупниот прокет учествува општина Ресен финасиски подржана од Владата на Република Мрежа  и Европската Инвестициона Банка за примарната мрежа, за секундарната мрежа средства се обезбедени преку прокетите на УНДП и сопствени средства на ЈКП Пролетер.
 
 
 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.