S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Промовирана стихозбирката "Tајните на моетото срце" од Јована Трајчевска

Во саботата на 18.02.2017 година  љубителите на поетскиот пишан збор во Ресен , во присуство над 200 посетители имаа можност да ја проследат промоцијата на првата стихозбирка на младата Јована Трајчевска од Ресен насловена како Тајните на моето срце”.

 

Денес неизмерно сме радосни што бевме учесници на настанот на Јована Трајчевска,десетгодишно девојче штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов-Скопје.Таа денес изгледаше како да има не знам колку книги објавено,а прва и е и тоа стихозбирка ТАЈНИТЕ ОД МОЕТО СРЦЕ.Програмата беше прекрасна и мислам дека никој не зажали што беше присутен на овој настан.Имаше солзи,имаше радост,имаше песна и смеа.истакна Сотир Чаушевски еден од организаторите на овој настан.

Бескрајна беше радоста за поклоните што ги доби,но сепак два посебно и значат.Љубител е на птици и животни,денес доби папагалче и веднаш на новата машина која ја доби на поклон од безбројните хумани луѓе,претставувани преку Отец Пимен напиша песна за папагалчето.

Срдечна помош во издавањето на оваа стихозбирка имаа повеќе институции и поединци од Ресен и Преспа меѓу кои:

Издавањето на оваа поетска збирка излегува под покровителство на градоначалникот на Оштина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски,а,со финансиска помош на:Општина Ресен, Здружение на возачи Ресен,, ДООЕЛ Болетус-Едулис-Ресен., Печатница Мите Богоевски Ресен, Ресторан Две Лири-Ресен, Јаболчело-Ресен, Мицале ДООЕЛ-Ресен,Свислион Агроплод –Ресен, Чокомил –Ресен,Персиди-Ресен, Фокус продукција-Ресен и др.

Организаторите на овој настан исто така упатуваат и голема благодарност до: проф. д-р Трајко Огненовски- Јазична редакцијалавниот и одговорен уредник и рецензент , Биљана Солунчевска, дизајнерот на корицатаПетар Стрезовски акад. , илустрации и графички дизајн Мирјана Јанешлиева-Перковски, Редакција-Биљана Тодоровска и Мери Арсовска како и издавачот  Чаушевски Сотир.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.