S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Презентација на Оперативниот план за 2017 за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот

Со Оперативниот план за услугите на пазарот на труди активните програми и мерки за вработување за 2017 година, се утврдуваат услугите и програмите за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање на нови работни места и да се зголеми вработливоста на лицата.

 

Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017 година опфаќа следните главни категории на активности:

За невработени лица

Развој на претприемништвото

1.1 Програма за самовработување

•       Цел: Поддршкананевработенителицавоосновањесопственафирма,

формализирањенавеќепостоечка (неформална) дејностиво

•       Циклуснаимплементација:

-          Финансиска и советодавна поддршка за регистрација на фирма и вработување

-          Финансиска поддршка (246.000,00 денари) за набавка на опрема и/или рематеријали

-          Финансиска поддршка (92.000,00 денари) за дополнително вработување (50 лица)

1.2. Програмазасамовработувањеналицатасоинвалидност

•       ЦелДа се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост и да се

                     зголемат можностите  на пазарот на трудот за нивно вработување, 

                     создавање 100 правни субјекти преку самовработување и отварање на

•       Опис:

       - Обука за мекивештини; Обука за претприемништво и бизнис планирање

       - Менторство и стручна поддршка во  текот на програмата и по регистрација на бизнисот

       - Регистрација на правен субјект во Централен регистар на РМ и самовработување

       - Грант во опрема и/или материјали во износ од 270.000,00 денари

       - Можност за дополнителен грант за дополнително вработување од 92.000,00 денари по лице

       - Можност да користат права и бенифиции од Посебниот фонд согласно Законот за

         вработување на инвалидни лица.

 

 

 

                                     СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА

 

2.1 Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни местаСо грант во висина од 92.000,00 денари во форма на опрема и/или материјали ќе се поддржи создавање на нови работни места со полно работно време во микро, мали и средни правни субјекти кои:

1) биле регистрирани најмалку една година до денот на објавување на јавниот оглас;

2) не го намалиле бројот на вработени 6 месеци пред поднесувањето на апликацијата;

3)ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;

4) кои имаат остварено добивка во претходната година.

•       2.2 ПрограмазаусловенпариченнадоместокзасубвенционирановработувањеналицавосоцијаленризикЦел: Да се поттикнат претпријатијата да вработуваат лица во социјален ризик

•       Опфат: 166 невработени лица (60 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис: Видови поволности кои работодавачот може да ги избере

-          Шест месеци субвенционирање за работното место кај работодавачи кои ќе вработат

       регистрирани невработени лица, кои се во социјален ризик, при што работодавачот се

       обврзува да ги задржи овие лица во работен однос најмалку уште дополнителни шест месеци

-          Шест месеци субвенционирање на нето плата за работното место кај работодавачи кои ќе вработат регистрирани невработени лица, кои се во социјален ризик и шеесет месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување

-          Шест месеци субвенционирање на нето плата за работното место кај работодавачи кои ќе вработат регистрирани невработени лица, кои се во социјален ризик и триесет и шест месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, со обврска работникот да го задржи дополнителни дванаесет  месеци на работа.

2.3Субвенционирановработувањезаневработенимладилицапрекуослободувањеодпридонеси/персоналенданокнадоход  (ПроектМакедонијавработува” 2)

•       Цел:Да се поттикнат претпријатијата да вработуваат  невработени  лица на

                    возраст  од 15-58 години до пензионирање

•       Опфат: 5000 невработени лица

•       Опис:Ослободување од плаќање на придонеси за социјално осигурување и

                     персоналниот данок на доход предвидено за работодавачи кои ќе

                     вработат регистрирани невработени  лица на возраст 15-58 години до

                     пензионирање,  во согласност со одредбите од Законот за вработување и

                     осигурување во случај на невработеност.

2.4 Субвенционирани работни места за лицата со инвалидност

Ќе бидат опфатени  300 невработени лица со инвалидност евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа.

 

2.5 Поддршка за брзорастечки фирми - Газели

Врз основа на претходно изработена анализа за идентификација на потенцијалните “Газели“ се овозможува поддршка на 10-те најдобро рангирани брзорастечки фирми, која допринесува за јакнење на домашна економија, односно поттикнување на растот на домашните компании и зголемен број на работни места.Поддршката се однесува на доделување на средства за набавка на единствено нова опрема во максимален износ од 615.000,00 денари по фирма.

2.6 Финансиска поддршка за приватни детски градинки

 

На заинтересираните физички или правни лица кои сакаат да отворат нова или да прошират постоечка приватна детска градинка ќе им се одобрат неповратнисредства (грант) во износ од 600.000,00 денари по градинка.

 

2.7 Финансиска поддршка за приватни домови за стари лица

 

На заинтересираните физички или правни лица кои сакаат да отворат нов или да прошират постоечки приватен дом за стари лица ќе им се одобрат неповратнисредства (грант) во износ од 750.000,00 денари за еден дом за стари лица.

 

 

 

 

 

 

ОБУКИ

 

•       3.1 Обука кај познат работодавач

•       Цел: Целта на оваа програма е на невработените лица да им се обезбедат

                     вештини за извршување на работните задачи кои ги бара работодавачот

                     и поттикнување на побарувачката за работа

•       Опфат: 300 невработени лица (90 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис: Со оваа мерка им се обезбедува обука на невработените лица за

                     извршување на задачите кои се бараат на работното место понудено од

                     работодавачот

3.2. Обуканаработнотоместосо
субвенционирановработување

•       Цел:Стекнување на стручни знаења и вештини за извршување на работните

                     задачи и поттикнување вработување на евидентирани невработени

                     лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот

                     (ранливи категории на невработени лица)

•       Опфат:333 невработени лица (100 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис:Програмата е комбинација од стекнување стручно знаење и вештини  за

                     подобрување на продуктивноста на поединците и финансиска поддршка -

                     субвенција  за нивното вработување

3.3 а)Обуказазадоволувањенапобаруванизанимањанапазаротнатрудот

•       Цел:Целта на програмата  е да се зголеми вработливоста на невработените

                   лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на

                   пазарот на трудот

•       Опфат:643 невработени лица (193 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис:Програмата за обука ја спроведуваат верификувани приватни 

                    спроведувачи на обуки (приватни компании, стопански комори,

                    занаетчиски комори) и средни стручни училишта

•       3.3 б)Обуказазадоволувањенапобаруванизанимањанапазаротнатрудот (заглувиислепилица)Цел:Целта на програмата  е да се зголеми вработливоста на невработените

                    лица со пречки во видот и слухот, преку стекнување знаења и вештини за

                    занимања барани на пазарот на трудот

•       Опфат:100 невработени лица со пречки во видот и слухот (30 невработени

                     млади лица до 29 години, со пречки во видот и слухот )

•       Опис:Програмата за обука ја спроведуваат средни стручни училишта

 

 

 

 

3.4 ОбуказанапредниИТ–вештини

•       Цел:Да се надградат вештините на евидентирани активни баратели на

                    работа во областа на информатичката технологија со цел да се зголеми

                    нивната конкурентност и можности на пазарот на трудот

•       Опфат:332 лица – невработени - активни баратели на работа и најмногу 30

                     лица од вкупниот број на лица  можат да бидат лица кои се во работен

                     однос  (150 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис:Обука за стекнување со напредни информатичко-технолошки вештини,

                     организирана од сертифицирани спроведувачи на обука, која води до

                     сертификат признат на национално и на меѓународно ниво.

3.5ОбуказавозачизаЦиЕкатегорија

•       Цел:Зголемување на вработливоста на евидентирани невработени лица

                    преку стекнување на вештини согласно побарувањата во сообраќајната

                    струка и искажаните потреби за работа сила во оваа стопанска гранка и

                    нивно вработување

•       Опфат:60  невработени лица (18 невработени млади лица до 29 години)

3.6Обуказастекнувањенавештиниодстаризанаети

 

•       Цел:Да се поттикнат невработените лица за стекнување со вештини од

                     традиционални стари занаети, преку финансиска помош во обуки

•       Опфат:20  невработени лица (6 невработени млади лица до 29 години)

•       Опис:Невработените лица ќе бидат подржани со обука во траење од 2-6

                     месеци зависно од занаетот.По обуката лицата ќе имаат можност да

                     регистрираат бизнис и бидат поддржани со програмата

                     Самовработување (1.1)

3.7 Практиканство 1Програмата за практична работа е насочена кон младите невработени лица на возраст до 29 години со средно и високо образование. Практикантите ќе имаат можност да се стекнат со прво работно искуство во согласност со образованието, како и со конкретни знаења и вештини преку учество во 3 (три) месечната програма за практикантство во приватни претпријатија или невладини организации.

Практикантите добиваат месечен нето надоместок во износ од 5.043,00 денари.

3.7 б) Практикантство  2

•       Цел:Целта на програмата е превентивно делување кај младите невработени

                    лица, заради зголемување на нивната вработливост и можност полесно

                    да се вклучат на пазарот на трудот

•       Опфат:500 невработени млади лица 

•       Опис:Поддршката за стекнување на одредени знаења и вештини кај

                   работодавач од приватен сектор ќе се обезбеди за лица со средно и

                   високо образование, постдипломци и други евидентирани невработени

                   лица до 29 години, без работно искуство 

Ø  Практична работа во траење од 3-6 месеци

Ø   

3.8 аОбука за основни вештини (странски јазици)

Обуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.

3.8 бОбука за основни вештини(компјутери

Планираниот опфат на кандидати е 1000 лица, а временската рамка за спроведување на обуките е максимум 8 месеци од денот на склучување на договорот за јавна набавка. Обучувачкиот центар треба да понуди начин и динамика за изведување на обуките, при што бројот на одржани часови по апликација треба да биде 30, а времетраењето на еден час да изнесува 45 минути.

3.8 в ) Обука за странски јазици со сертификати

 

Обуката ќе биде насочена кон усовршување на техниките и стратегиите за совладување на тематските единици на испитниот модул за меѓународно признаениот сертификат (БУЛАТС (BULATS, ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL ) за англиски јазик, односно ДЕЛФ (DELF), (ДАЛФ (DАLF), ТЦФ (TCF), ТЕФ (ТЕF), БУЛАТС (BULATS) ) за француски јазик, односно Гете Сертификат (Goethe-Zertifikat) и БУЛАТС (BULATS) за германски јазик ), кој е еден од условите за вреднување на неформалното образование на кандидатите за административни службеници, согласно Законот за административни службеници.

Обуките ќе се реализират во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во програмата.

3.9 Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)Преку процес на споделување на знаењето и искуствата - обучување на идни тренери, ќе се создадат можности за понатамошно развивање на овој концепт и негова широка примена во земјата, при што начинот на формирање на рамката на потребни квалификации ќе може да се прилагоди и на други сектори. Обучените тренери во период од 4-6 месеци ќе ги пренесат потребните знаења на 30 лица за кои, после верификацијата на стекнати знаења се очекува да бидат директно вработени кај соодветните работодавачи.

3.10 Обука и советување за претпремништво за млади до 29

 

Критериуми за учество на барателите на работа во оваа мерка:

-          Млади лица на возраст до 29 години;

-          Евидентирани како активни баратели на работа и;

-          Завршено најмалку средно образование.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                          4. ПРОГРАМАЗАОПШТИНСКО-КОРИСНАРАБОТА

•       Цел:Цел на оваа програма е да обезбеди социјална вклученост на потешко 

                    вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно

                    постепено вклучување на пазар на труд

•       Опфат:200 невработени лица (60 млади невработени лица до 29 години)

•        

•       Опис:Програмата ќе се реализира преку работно ангажирање ( 6 месеци) на

                     евидентирани невработени лица со скратено работно време во

                     извршување услуги согласно потребите на граѓаните од локалната

                     заедница.

5. ПИЛОТ-ПРОГРАМИ

 

5.  Развој и имплементација на пилот програми за млади според локалните потреби

 

Услови и критериуми

 

            Со поддршка на експерти за вработување од Меѓународната организација на трудот, во соработка со АВРМ и локалните Економско- социјални совети ќе се дизајнираат, имплементираат и следат мерки за вработување на млади во три општини. МТСП и АВРМ ќе даваат поддршка преку спроведување на мерките, обезбедување персонал, како и преку координирање со другите релевантни министерства. Општините ќе ја олеснуваат работата на Локалните економско-социјални совети и ќе го поддржуваат (усогласуваат) пилотирањето на мерките. Алатките на МОТ, како што е правата на работното место за млади (rights@work for youth), ќе се имплементираат преку обуки за обучувачи со што ќе се зајакнат Локалните економско-социјални совети, образовните институции и граѓанските организации за промовирање на истите. Главните активности ќе се имплементираат преку градење на капацитети за идентификување на мерки за вработување на млади, дизајнирање на мерки за вработување на млади, спроведување на пилот мерките, како и мониторинг и ревизија на мерките за вработување на млади.

 

 

 

•       6.  УСЛУГИЗАВРАБОТУВАЊЕ

6.1 Помош при барање на работа

Услови и критериуми

            Целта на овие услуги е да им се обезбеди помош и поддршка на невработените лица во процесот на барање работа.  Невработените лица од евиденцијата на баратели на работа на АВРМ, ќе добијат информации за состојбите и барањата на пазарот на трудот, помош и зајакнување на вештините на невработените лица за успешно претставување на пазарот на трудот, помош во изработка на CV, советување за вработување и претставување при интервју за вработување кај работодавачите.

            Концептот на индивидуален приод во работењето со невработените лица согласно со нивните потреби, можности  и капацитети ќе се зајакне преку профилирање на невработените лица. Ќе се вршат интервјуа со кои ќе се добијат сите потребни податоци за лицата, кои се важни за вработување Исто така, ќе се врши   профилирање на невработените лица и врз основа на утврдениот степен на нивната вработливост ќе се изработуваат соодветни Индивидуални планови за вработување (ИПВ). За лицата кои се директно вработливи или со умерени тешкотии при вработувањето ќе се изработува ИПВ за такви категории на невработени. За лицата кои се соочуваат со значителни тешкотии при вработувањето ќе се изработува посебна форма на ИПВ за тешко вработливи лица.  Подготовката на ИПВ треба да им помогне на невработените лица низ процес на советување да добијат  дополнителна поддршка за планирање и преземање соодветни активности за активно барање работа, вклучување во активни мерки и услуги за вработување и др., за да ги подобрат своите можности за вработување.

6.2 Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа

Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа е наменета за невработените младите лицадо 29 години со умерени или значителни потешкотии при инеграција на пазарот на трудот, кои имаат   завршено најмалку средно образование. Обуката има  за цел да им овозможи на лицата да се стекнат со знаење и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот. Планираниот опфат на учесници во оваа мерка е 1.400 млади лица.

6.3 Мотивациски обуки

Целта на мотивациските обуки е да се зголеми мотивираноста на невработените лица активно да бараат работа. Обуките треба да допринесат да се зајакне  самодовербата на невработените лица, преку зголемување на нивната информираност и едукација за техниките за барање работа.  Во текот на обуките невработените лица ќе се запознаваат со активните програми и мерки за вработување и услугите кои можат да ги добијат од АВРМ и ќе бидат мотивирани  за користење на истите.

6.4 Посредување при вработување

Посредувањето при вработување го врши Центарот за вработување на подрачјето каде се наоѓа седиштето на работодавачот. Центарот за вработување го спроведува посредувањето по добивање на Барање за посредување од страна на работодавачот. Оваа услуга опфаќа советување и помош на работодавачите преку пребарување на кандидати за слободни работни места од евиденцијата на невработени лица, спроведување на пред-селекција, упатување кај работодавачот на интервју за вработување и др. Процесот на посредување при вработување по едно барање треба да биде завршен најдоцна за 35 дена од денот на поднесување на истото.

6.5 Услуги за работодавачите

 

Услугите за работодавачите имаат за цел на работодавачите да им обезбедат ефикасен пристап до квалитетна работна сила.

Услугите за работодавачите опфаќаат:

-          Континуирано и навремено информирање и советување за услугите програмите и мерките за вработување кои ги спроведува АВРМ

-          Континуирано и навремено информирање и советување за начинот на користењето на поволностите за работодавачите при вработувањето на невработените лица

-          Континуирано известување и информирање на работодавачите за сите тековни активности и услуги кои можат да ги користат од АВРМ,  преку печатени и електронски медиуми и сл.

-          Советување за вработување на невработените лица преку посредување при вработување

-          Информирање за состојбите на пазарот на трудот

-          Појаснување на правната регулатива во врска со потребите и услугите за работодавачите

-          Организирање на заеднички настани со работодавачите за унапредување на соработката со АВРМ и за задоволување на нивните потреби и др.

 

6.6 Подготовка за вработување и за работа

Услугата ќе се реализира преку спроведување на повеќедневни обуки на невработени лица според програмата “Подготовка за вработување и за работа”. Обуките овозможуваат стекнување на нови знаења и вештини и се реализираат во траење од 25 часа преку следните модули: Воведен модул;Личен развој; Вештини за барање работа; Комуникациски вештини; Соодветно однесување на работното место; Тимска работа и лидерство; Безбедност, права и обврски на работа и Финансиски вештини. Во текот на обуките ќе се обработуваат и содржините од програмата “Учење преку работа“ а ќе добиваат и дополнителни обуки за презентациски вештини.

6.7 Обука за животни вештини и мотивација

Обуките овозможуваат првенствено да ги мотивираат невработените лица  активно да се вкучат во процесот на барање на работа. Истовремено обуките ќе допринесат да се развијатследните вештини и знаења кои им се потребни при барање на работа:вештини за личен развој,вештини за барање работа,комуникациски вештини,прилагодување и управување со промени, решавање на проблеми, соодветно однесување на работното место,тимска работа, работна етика и др.

6.8 Професионална ориентација и кариерно советување

Услугата ќе се реализира во центрите за вработување преку следните активности:

-       Давање информации (индивидуално или групно со користење на материјали во печатена или електронска форма)

-       Работилници за групно кариерно советување

-       Користење на алатки за самопомош кои треба да им помогнат на корисниците да донесуваат одлуки и да стекнуваат вештини за управување со сопствениот кариерен развој

-       Примена на  алатки и техники за проценка  (пр. Батеријатa на инструменти  за професионална ориентација) за испитување на лични карактеристики кои се потребни за вработување и други техники кои ќе им овозможат на невработените лица да направат проценка и да ги осознаат сопствените капацитети за вработување и потреби од понатамошен развој.

-       Индивидуално кариерно советување и изработка на кариерни планови и др.

6.9 Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување

Оваа услуга првенствено ќе се насочи кон корисниците на социјална помош, долгорочно невработените и другите групи кои се соочуваат со конкретни пречки за влез на пазарот на трудот, пред да се упатат во активните програми на пазарот на трудот.

 

6.10 Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ

Едукација за користење на он-лине услугите на АВРМ, ќе се реализира преку електронски медиумски настапи на вработени лица од АВРМ/центри за вработување на кои ќе се врши детално објаснување на лицата и правните субјекти за сите он-лајн услуги кои можат да ги добијат од АВРМ.

6.11 Саеми за вработување

Организацијата на Саемите за вработување ќе им се овозможи на работодавачите обезбедување на квалитетна работна сила согласно нивните потреби. На Саемите ќе можат да учествуваат сите работодавачи кои ќе искажат  интерес за учество. Во текот на Саемите, работодавачите ќе имаат можност на поставените штандови да ги презентираат својата дејност, производите, услугите и сите други аспекти од нивното работење пред сите присутни (невработени лица, други работодавачи, институции, провајдери на обука и сл.). Исто така работодавачите ќе имаа можност и да остварат контакти со голем број на невработени лица - потенцијални работници, да ги интервјуираат и да добијат нивни биографии  (CV).

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.