S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Кривична пријава за тешки кражби во Ресен

НК за КР Ресен до ОЈО Ресен поднесе Кривична пријава против пет лица, од кои три лица се државјани на Р.Албанија,а две лица жители на Ресен, заради постоење основи на сомнение дека пријавените се извршители на кривични дела  ”Тешки кражби”, ”тешки кражби во обид”, како и извршители на кривично дело” помагање” казниво по чл.24 од КЗ на РМ.

 

Пријавените во периодот од месец Октомври ,а потоа во тек на месец Декември 2016 година се до месец Јануари 2017 година,  извршиле вкупно 27 тешки кражби во куќи на порачјето на Ресен. 

Кражбите ги извршувале претежно во куќи чии  сопственици живеат во странство или се надвор од градот ,на начин што во куќите вршеле претурање по работите и одземале различни предмети како телевизори,компјутери,лаптопи,мобилни телефони,моторни пили,златни предмети,бижутерија ,парфеми, како и разни други апарати и предмети од кои дел ги продавале, а дел ги фрлале.

Со сите овие превземени дејствија ги оштетиле сопствениците и направиле вкупна материјална штета во вредност од околу 240.000 денари .

По предходно превземени оперативно тактички мерки добиени се сознанија дека пријавените се можни извршители на кривични дела при што се  превземени мерки за нивно пронаоѓање ,извршени се претреси и пронајдени и одземени се голем број предмети за кои постои основ дека потекнуваат од наведените кривични дела. 

Дел од лицата беа лишени од слобода, задржани во ПС-Ресен, обавени беа разговори со истите , при што ги признаа кривичните дела . 

 Истите потоа се изведени пред Јавен обвинител во ОЈО Ресен за давање на изјава, а од страна на инспектор за странци поднесена им е прекршочна пријава по основ на пречекорен престој во државата и одредена им е мерка забранет престој во Р.Македонија во траење од пет години.

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.