S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Започна изградба на нов Блок во ЈОУДГ 11 Септември во Ресен

Во текот на денешниот ден започнаа градежно изведбените работи за изградба на нов блок во состав на  ЈОУДГ  11 Септември Ресен. Се работи за проект  кој ќе овозможи зголемување на просторниот капацитет на ресенската детска градинка, каде веќе подолго време се чувствува недостиг од простор, а аналогно на тоа добар дел на деца од предучилишна возраст неможат да бидат згрижени во оваа предучилишна установа.

Ќе се градат две простории-занимални во вкупна површина од 70м2 , со комплетна придружна ентериерна инфраструктура  (санитарни јазли, соблекувални и сл.) , а вкупната инвестиција за градежните работи изнесува околу два и пол милиони денари. Средствата за оваа фаза се обезбедени од Буџетот на Општина Ресен , додека внатрешното уредување, односно опремување на просториите ќе падне на товар на Министерството за Труд и Социјална Политика.

Според информациите од изведувачот, градежно изведбените работи ќе траат до почетокот на месец август оваа година , а комплетното опремување се очекува да заврши до почетокот на новата учебна 2017/2018 година.

Со реализацијата на овој проект, се очекува наскоро во ресенската детска градинка да бидат дополнително згрижени уште 30-40 деца од предучилишна возраст кој во моментот се наоѓаат на листа на чекање, со што целосниот капацитет на градинката ќе достигне до 170 деца кои ќе можат да ја посетуваат детската градинка.

 

Инаку , неодамна во рамките на серијата  проекти за целосна ревитализација на објектот и просторот околу  ЈОУДГ 11 Септември- Ресен, беше извршен комплетен реконструктивен зафат на фасадата на објектот и неколку ентериерни зафати, со што  во континуитет се врши подобрување на условите за престој на децата .

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.