S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Една нова приказна од средношколци за Преспа

Во рамките на “Prespa Stories”,  средношколци од општините Ресен, Пустец и Преспа заеднички развиваат една нова приказна за Преспанското Езеро. Станува збор за една нова иницијатива со цел создавањето на една мрежа на младите  од меѓуграничните области на Преспанскиот регион.

 

Тинејџерите во регионот се повикуваат на нивните  искуства и  разговараат за своите родни места, експериментирајќи со новите технологии и креативното пишување. Преку алатки како нивната имагинација и  интернетот, средношколците  составуваат една  мултимедијална приказна за езерото што го делат.

 На првите две работилници,  младите од општина Ресен  ги  мапираа омилените места во оваа област и  колектираа  аудиовизуелни материјали. Во четврток, 30-ти Март во 9:00 часот ќе се одржи  следната работилница во СОУ “Цар Самоил”  во Ресен, каде што учениците ќе го развијат  вториот дел од приказната, кој беше започнат од страна на учениците во општина Преспа. Приказната ќе ја завршат  учениците  на општина Пустец.

Проектот Prespa Stories има за цел да ги поттикне младите луѓе во Преспа и да го промовира меѓукултурниот дијалог.

Prespa Stories е поддржано од  START- Create Cultural Change, програма на фондацијата  Robert Bosch, спроведена во соработка со Гете Институтот во Солун и Германската Асоцијација на Социокултуролошки Центри.

 

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.