S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Во Ресен се одржа предаприлски хепенинг и дефиле на маски ( Фото)

Денеска во Ресен на централниот градски плоштад Цар Самоил се одржа Предаприлски хепенинг со дефиле над 400 деца под маски во чест на одбележување на утрешниот меѓународен ден на шегата.

 

На дефилето учествуваа учениците од петте основни училишта во општина Ресен и децата од Детската Градинка 11 Септември во Ресен. Настанот се реализира во организација на општина Ресен и Домот на Култура Драги Тозија и е продолжување на традицијата која е воспоставена во Ресен секоја година  да се одбележува меѓународниот ден на шегата.

Овој настан е дел од годишната програма на Општина Ресен за одбележување на културни настани и личности, и самиот по себе преставува одлична можност голем број деца да земат учество и преку своите маски и креации да го разубават нашето секојдневие. Задоволен сум од интересот на децата за учество на ова дефиле и им искажувам голема благодарност на наставниците, учителите и родителите кои помогнаа во правењето на маските и маскирањето на децата. Општина Ресен ќе продолжи и понатаму да организира вакви и слични настани , посебно настани во кои локалното население е вклучено во голем број”- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

За забава на градскиот плоштад се погрижи балетското студио Анастасија од Битола со музички настап ма  интерпретаторкта Стефанија.

Сите фотографии ТУКА

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.