S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Наскоро ќе започне реконструкцијата на Хотел Европа

Високи преставници на Global Investment Fund  од Обединетите Арапски Емирати денес остварија средба со Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски. На средбата главно се разговараше околу почетокот на градежно-изведбените активности и реконструкциони зафати  зафати на Хотел Европа во Отешево чиј сопственик од неодамна е арапскиот инвестициски фонд.

Според она што беше кажано на средбата деновиве треба да биде објавен јавен повик од страна на инвеститорот за изнаоѓање на најповолен градежен изведувач, а според очекувањата на инвеститорот градежните работи врз Хотел Европа треба да започнат во месец мај оваа година.

Исто така на средбата  од страна на преставниците на  Global Investment Fund беше потенцирано и задоволството од досегашната соработка која ја имаат со Општина Ресен и Градоначалник д-р Ѓоко Стрезовски.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.