S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Соопштение бр. 2/2017 од Служба за прогноза и сигнализација

Со последните врнежи се создадоа услови за инфекции од аскоспорите на чадливата краставост и тоа: Покрвеник – 70%, Горно Дупени – 60%, Езерени – 30% и Јанковец – 20%.

Се препорачува веднаш штом дозволат временските услови да се изврши третирање против чадливата краставост на јаболкото.

 

Во голем дел од Преспа јаболкото е веќе во фенофаза на розе пупка. Во оваа фенофаза веќе може да се употребуваат системични фунгициди за сузбивање на чадливата краставост и пепелницата кај јаболкото. Во овој период најважно е да се заштити новата лисна маса но и цветовите. Препорачливо е да се комбинираат системични или локал системични и контактни фунгициди. Што се однесува до употребата на инсектициди, доколку се забележи појава на лисни вошки и јаболков цутојад, се препорачува нивна употреба.

Препорачани фунгицидни комбинации:

Faban 25 SC;

Faban 25 SC + Collis;

Chorus 50 WG +Collis + Polyram DF;

Chorus 50 WG + Topas 100 EC + Polyram DF;

Chorus 50 WG + Thiovit jet 80 WG + Polyram DF;

Faban 25 SC + Topas 100 EC;

Sercadis + Delan 700 WG (Polyram DF)

Faban 25 SC + Sercadis

Препорачани инсектициди :

Fastac 10 EC, Nurelle – D, Karate Zeon 5 CS 

Dascor 440 SC, Cytrin Max, Zebra EC

 

Ресен,

05.04.2017

 Здружение на овоштари Благој А. Котларовски

Служба за прогноза и сигнализација

М-р  Ефтим Петковски

Контакт: тел. 070271511e – mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

                Подржано од:

Хемомак Пестициди – ексклузивен застапник за BASF – Германија                                   

    Холма – ексклузивен застапник за Syngenta – Швајцарија.

 

 

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.