S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Со Велигденски Хепенинг започна одбележувањето на најголемиот христијански празник во Ресен

Денеска во реализација на Општина Ресен и Домот на Култура "Драги Тозија" од Ресен  на градскиот плоштад "Цар Самоил" во Ресен се одржа традиционалната манифестација Велигденски Хепенинг. На манифестацијата повеќе стотини ученици од сите пет основни училишта во Ресен и од детската Градинка "11 Септември" на повеќе од 30 штандови ја преставија преспанската традиционална велигденска храна, велигденски јајца и најразлични украсни  креации изработени во своите домови или на часовите по ликовно образование посветени на големиот христијански празник Велигден . На штандот пак на Домот на Кuлтурата се реализираше ликовна работилница на тема Велигден .
Паралелно со преставувањето на велигденските креации на плоштадот имаше и културно забавна програма со музички солистички настапи на деца од регионот како и настап на хорот Рибарчиња од Охрид.
Највпечатливо на Велигденскиот хепенинг беше маскотата во вид на јајце на која сите присутни на градскиот плоштад, повеќе од 500 граѓани, имаа можност да прикачат ливче со желба и порака, во кои најмногу доминираа оние за честитање на христијанскиот празник и универзални пораки за мир.
 
 
И оваа година Општина Ресен во соработка со Домот на Култура ја продолжува традицијата за организирање на оваа манифестација која е омилена ме]ѓу граѓаните бидејќи во неа сите се активни учесници  од децата, нивните родители, баби и дедовци се до самите училишта, што само по себе на истата и дава еден силен локален карактер. Традиционално со оваа манифестација ги започнуваме и велигденските празнувања во Преспа кои одсекогаш биле синоним за јакнење на духовните и семејните вредности во Преспа. - истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
 
 
 
 
 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.