S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Велигденска Честитка на Градоначалникот Стрезовски

По повод утрешниот Христијански Празник -  Велигден , Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски до верниците кои го слават утрешниот празник упати честитка. Во честитката меѓудругото стои:

 

Во мое лично име и од името на вработените во локалната самоуправа, на сите православни верници Ви го честитам празникот, Воскресение Христово – Велигден.

Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност. Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. 

Дозволете ми да упатам искрени честитки до сите жители на Општина Ресен  кои го слават најголемиот христијански празник Велигден, бележејќи ги најголемите христијански вредности.Радувајќи се на животот, љубовта, трпението и милосрдието се радуваме на делата кои ги правиме. Доколку нашиот живот биде исполнет со добри дела, тогаш ја разбираме смислата на нашето постоење.  Со силна верба во Бог, да чекориме кон подобро утре

Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна! Навистина воскресна!

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.