S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Рајот на спротивната страна

Тимот на Prespa Stories Ве поканува во Сабота на 6-ти Мај во 17 часот во салата на Градскиот Совет на Општина Преспа во Лемос, на отворениот настан за презентацијата на нивните активности во пограничните региони на Преспанското Езеро.Во рамките на настанот, се организира истовремено и изложба во Националната Библиотека на Лемос, со времетраење од 10 до 17 часот.  На изложбата ќе се презентираат:

 

Мултимедијалната приказна со наслов "Рајот на спротивната страна", што произлезе од соработката меѓу 30-тина средношколци од Општините на Преспа, Ресен и Пустец што учествуваа во активностите, како и фотографии што истите тие ги селектираа од областа на Големото Преспанско Езеро.

 Во текот на денот, и по повод средбата на сите млади учесници во Лемос, ќе се одвиваат разни активности, прошетки и игри.

Проектот Prespa Stories е една иницијатива за создавање на мрежа за соработка меѓу младите во пограничниот регион на Преспанското Езеро која што има за цел да ги поттикне истите  и да го промовира меѓукултурниот дијалог.

Prespa Stories е поддржано од  START-Create Cultural Change, програма на фондацијата  Robert Bosch, спроведена во соработка со Гете ­Институтот во Солун и Германската Асоцијација на Социокултуролошки Центри.

 

 

 

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.