S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Свечено одбележан патрониот празник во ОУ Славејко Арсов во с. Подмачани

Денес на свечен и достоинствен начин беше одбележан 9-ти Мај ,  патрониот празник на ОУ Славејко Арсов во с. Подмочани. По повод одбележувањето на празникот во присуство на голем број наставници и родители, учениците од ова преспанско основно училиште и од неколкуте подрачни училишта кои се во склоп на истото, одржаа пригодна програма посветена на ликот и делото на еден од најголемите револуционерни дејци од поновата преспанска и македонска историја, Славејко Арсов- патронот на училиштето.

 

На свеченоста беше присутен и Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , кој во своето обраќање пред присутните искажа задоволство од постигнатите резултати на училиштето во текот на изминатиот период, посебно нагласувајќи го примерот на исклучително високо ниво на соживот, меѓунационална и меѓуетничка толеренција и соработка помеѓу националностите кои на сите нивоа партиципираат во ОУ Славејко Арсов, како континуитет на мешусебното разбирање и почитување кое ја карактеризира Преспа.

 

Програмата ја следеа и Министерот за Образование во Владата на Република Македонија и Заменик- Министерот за Транспорт и Врски во Владата на Република Македонија.

Временска прогноза

Light Rain

5°C

Resen

Light Rain

Humidity: 81%

Wind: 14.48 km/h

  • 24 Mar 2016

    Rain/Snow 6°C 0°C

  • 25 Mar 2016

    Partly Cloudy 7°C -3°C

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.