S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

Матурско дефиле 2017 - Фото

Ни врнежливото време денес попладне неможеше да ја наруши славеничката атмосфера на ресенските матуранти од СОУ Цар Самоил кои и оваа година во духот на традицијата го реализираа Матурското дефиле со кое на свечен начин зачекорија во светот на возрасните.

 

На манифесатцијата Матурско Дефиле во организација на Општина Ресен и СОУ Цар Самоил денеска на Градскиот плоштад во Ресен продефилираа стотина матуранти од  генерацијата 2013/2017 со што го означија почетокот на матурската свечена вечер која ќе се одржи во ресторанот Две Лири во Ресен.

По повод овој свечен настан честитки и свечени обраќања кон голем број присутни родители , роднини и граѓани на Општина Ресен имаа Директорот на СОУ Цар Самоил г-дин Науме Тосковски и Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

Во обраќањето Градоначалникот на Општина Ресен меѓудугото  на славениците им порача:

Со завршувањето на матурата станувате полнолетни и влегувате во посериозната фаза во животот. Влегувате во реалниот живот кој можеби ќе биде полн со проблеми и неизвесности, но сето она што е предизвик во исто време е шанса за успех.Ние повозрасните, сакаме Вашата иднина да биде посигурна и посреќна и затоа Ве покануваме да ни се придружите, заеднички да ја решиме таа задача.Тоа ќе го направиме за доброто на Преспа, на татковината ,за нас ,за вас и за идните поколенија.

Сепак по неколкудневнитре прослави , ресенските матуранти веќе од 27 овој месец ќе ги започната полагањата на завршните матурски испити.

Сите Фотографии од Матурантите може да ги погледните ОВДЕ

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.