S5 Soul Search - шаблон joomla Новости
Вести
  • Register

ПРЕСПАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОЧНАА ДА СЕ ОФАЈДУВААТ

   Од вчера започна исплатата на субвенциите за македонските земјоделци согласно програмата за финасиска поддршка на Владата на Република Македонија за 2016 година. Во тој контекст, поголем дел од  вкупно 2300 преспански земјоделци вчера на своите сметки ги добија субвенциите за одржување на  постојните овошни насади за минатата година. Истовемено, целосно се исплатени и заостанатите субвенции за 2014 и 2015 година, односно кон земјоделците кои ова право преходно го немаа остварено заради одредени административно-технички пречки.

 

   Со овој потег, и во едни вакви, исклучително сложени општествено-политички прилики и состојби, Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш ги потврди своите приоритетни заложби за остварување на интересите на граѓаните, а во таа смисла и на оние кои се занимаваат со земјоделско производство.

   “Со задоволство можам да констатирам дека еден дел од моето настојување, или буквално инсистирање кон надлежните државни институции - брза и во законски рок исплата на субвенциите за 2016 година и исплата на штетите од минатогодишните временски неприлики    (мразот), започна да се реализира. Пред само околу три недели, кога Преспа и оваа година ја зафати невреме проследено со ниски пролетни температури и измрзнување на добар дел од овошните насади, пред преспанската и пред целокупната македонска јавност, како прв човек на Општина Ресен,  ветив дека ќе вложам максимални напори со цел да се издејствува брза исплата на субвенциите и штетите од мразот за минатата година. Исплатата на субвенциите веќе започна и се надевам дека истата ќе заврши до крајот на идната недела, но, истовремено очекувам дека и исплатата на штетите за минатогодишното измрзнување на овошните насади ќе се реализира за многу кус временски период. Ваквите политики кон земјоделските произведители и на локално и државно ниво, уште еднаш ја потврдуваат нашата грижа за земјоделството како процес, што евидентно не било пракса порано.нагласи Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.

   Деновиве завршија активностите на општинските комисии во делот на обработката на барањата и податоците за доставените апликации од страна на околу 2300 граѓани-земјоделци во насока на обезбедување исплата на штетите од минатогодишното измрзнување на овошките во Преспа.

   Според првиот човек на ПЕ на МЗШВ во Ресен г. Сашко Андреевски, податоците од над 2300 барања доставени од преспанските земјоделци се комплетно обработени и на почетокот на оваа недела истите се доставени до надлежните државни институции.

   “ Имајќи го предвид фактот, што неодамна Владата на Република Македонија на една од своите седници донесе одлука за исплата на штетите од минатогодишните неповолни временски прилики, а според информациите кои деновиве ги добивме од МЗШВ и Министерството за финасии на Република Македонија , исплатата на овие средства, очекуваме набргу да се реализира – истакна раководителот Андреевски.

   Тој истовремено се осврна и на активностите во врска со проценките за штетата која преспанските овоштари ја претрпеа од овогодишните рани пролетни мразеви. Во таа смисла, Андреевски нагласи, дека до комисиите за проценка на штетите кои интензивно работат во последните 2-3 недели, пристигнати се 2650 барања од страна на оштетените преспански земјоделци. Процесот на нивната обработка е при крај и по комплетирањето на документацијата , истата ќе биде доставена до надлежните државни институции на натамошно постапување и исплата на штетите.

Временска прогноза

Resen

PrespaNews

Prespanews.com не одговара и не мора да се согласува со ставовите и реакците на своите читатели и колумнисти кои ги објавува  во дел од своите  рубрики. Не е Забрането преземање/копирање на содржините меѓутоа ред е да се побара  претходна согласност од авторот или од редакцијата Контакт 24/7   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.